Последен гледан филм со рецензија

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Значи по твојава логика на помал отпор - „ако петко станко не се замара да напише рецензија која у старт руши филм, па сеа и јас си давам право да пишувам така“ ќе направи нешто добро? Не.
А што е битно каква рецензија напишала? Постојат критериуми за тоа како треба да изгледа една рецензија тука на форумов? Или постои фрустрација која мора да се исфрли на прва подадена прилика:)
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
А што е битно каква рецензија напишала? Постојат критериуми за тоа како треба да изгледа една рецензија тука на форумов? Или постои фрустрација која мора да се исфрли на прва подадена прилика:)
Не, туку има еден мал факт за тоа дека оној кој го интереслирало да прочита мислење за некој филм што подоцна има во план да го гледа - да му го сруши со објавување на крајот. Не налага според правилата, но сепак не е во ред да го спомнува клучниот дел онака директно во рецензијата. Ако е така, ај сеа секој филм да кажеме кој што како ќе се одвиваат работите.
Во кратко - рецензијата не е колку да се напише нешто околу тоа туку и да се натера гледачот да го погледа филмот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN, foREVer and Slims

http://www.imdb.com/
- одлично место каде што можеш да се запознаеш со кратка содржина на филмот што сакаш да го погледнеш. Каде што нема да ти се сруши сликата затоа што се дадени и глумци, и рејтинг, и се’ детално.
А на форум... нормално, секој ќе напише, како што знае - и како што умее :)
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
http://www.imdb.com/
- одлично место каде што можеш да се запознаеш со кратка содржина на филмот што сакаш да го погледнеш. Каде што нема да ти се сруши сликата затоа што се дадени и глумци, и рејтинг, и се’ детално.
А на форум... нормално, секој ќе напише, како што знае - и како што умее :)
хммм... Во ред. штом така викаш...

Но после човек да не се чуди зошто тука повеќе не доаѓаат членови да читаат рецензии. Со самото нечитање се потегнува кон непишување на истата тема - и останува доле како тема без многу посети, додека темите од калибар - Што ќе му направиш на членот ако... - се на горниот најпосетуван пиедестал.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
хммм... Во ред. штом така викаш...

Но после човек да не се чуди зошто тука повеќе не доаѓаат членови да читаат рецензии. Со самото нечитање се потегнува кон непишување на истата тема - и останува доле како тема без многу посети, додека темите од калибар - Што ќе му направиш на членот ако... - се на горниот најпосетуван пиедестал.

Одиме многу оф-топик.
А кога си веќе кај тоа. Карактерот на форумов е таков. Не можеш да очекуваш повеќе.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Одиме многу оф-топик.
А кога си веќе кај тоа. Карактерот на форумов е таков. Не можеш да очекуваш повеќе.
Но може и да се смени. Малку треба. Не е до карактерот, има и други кои се од забавен карактер. И овој е, и беше на почетокот со многу повеќе оригиналност и ниво на пишување на мислења. И сега е... но на одредени теми. Може и тука да биде. Да не се корумпира.
 
Largo

Полноправен Член
15 јануари 2013
90
97
18

На некој начин биографија на поранешната премиерка на Велика Биританија Магрит Тачер.Фимот го прикажува нејзините први лекори во политиката и нејзиниот пат кон врвот.Исто така тука се прикажани и нејзините најголеми одлуки кои имаа огромно влијание не смао врз Велика Британија туку и целиот свет.Кој го гледал филмот ќе сфати зошто ја викале челичната дама.
Инаку како и секогаш така и овде Мерил Стрип си ја заврши одлично улогата.
 
Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
images

Gerry. Ќе бидам долга колку и сценариото на самиот филм.
Доволно краток за да не пукнеш од досада, а предолг за да ти ја опише пораката која ќе ја сфатиш на самиот крај. Инаку, тажна приказна, значајна режија, исполнета со фасцинантни пејзажи фатени од перфектни кадри. Оцена: 6/10.
Го препорачувам на сите што сакаат да си ја тестираат трперливоста и/или мразат долги дијалози. :)
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
The Human Centipede II (full sequence)

Мартин е човек кој живее со својата мајка. Имал тешко детство, татко му го злоставувал и има ментално пореметување. Марти го гледал Human Centipede првиот дел, каде што еден доктор киднапира тројца и ги спојува да функционираат како еден организам, притоа детално ја објаснува постапката како им ги сече лигаментите на рацете и нозете, како им ги сече устите и анусите за да може да ги зашие и функционираат како еден дигестивен систем и притоа се` е медицински точно. Мартин го идолизира тој филм и докторот и прави планови како да направи своја стоногалка од 12 луѓе. Дали ќе му успее...гледајте.

Внимание: Ако некој се одлучи да го гледа, препорачувам првин да си ги постави границите што може да гледа и да издржи затоа што филмот содржи многу брутални експлицитни сцени кои може да ве вознемират.
 
Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
scooby-doo-curse-of-the-lake-monster.jpg

Скуби и останатите одат да работат во клубот на чичко и на Дафни,кога првата вечер излегува чудовиштето од реката. Веќе претпоставувате кој ќе се нафати да ја разреши целата мистерија.Интересно филмче за тепање време, моите помали братучеди уживаа додека го гледаа филмчево.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma