Носам наочари од трето одделение. Периодот околу осмо- прва средно ми беше пекол, затоа што децата се многу злобни на таа возраст и доста глупости на моја сметка без кажувани. Како што ме дал Господ секако дека не останав должна. Коментарот на еден ушле толку ме заболе, што толку го закопав, па си направи операција на ушите.
Како и да е, јас сеуште носам наочари, не можам да учам без нив, ми се заморуваат очите и ме боли глава. Престанав да ги носам кога не учам, или пак сум излезена, некако ми се смачи од толку години поминати, а јас немам никакво подобрување. Не ни очекувам веќе да ми се среди нешто на 20 и кусур години, а немам ни штета од нив, така да се додека се има потреба, тоа не е ниту срамно, ниту смешно. Смешни ми се хипстерине, со толкавите тегли со обично стакло, само беља си прават.