Кога бев на фризер, имаше една мајка што си ја правеше косата пред мене. Муабетот и беше на дотичната особа следно:
-Леле колку ми е жал за Бојан (синот нејзин, годинава почнал прво одделение) , пред да тргне во школо му најдовме дека има голема диоптрија и треба да носи наочари. А сега почнува во школо, ќе го зафркаваат, нема да го прифатат. Не знам што да правам, зошто вака да почне со задевања и бла бла бла -Го сожалува сопствената мајка.
Ако нејзиниот“зрел“ мозок го размислува тоа, и го кажува тоа на глас, дури и го промовира на некој начин таквото блесаво размислување, што да очекуваме од мали деца кои го имитираат однесувањето на постарите.
На ова детенце Бојан, уште од дома пред да тргне на училиште ќе му се набијат комплекси, па ќе појде во школо повлечен, недружељубив, уплашен и ќе стане таргет на тие мангупите уште во старт. И тоа најтрагично е што не е заради наочарите, туку заради неговата лошо насочена енергија предизвикана од мајка му во случајов ќе биде магнет за такви задевања.
Не е срамота, и не смее ниту да се праша и постави ваква полемика околу нешто што значи здравје.
Срамота ли е да си гладен? Срамота ли е да немаш дом? Срамота ли е да имаш паркинсова болест? Срамота ли е да имаш белег од раѓање на самото лице?
Единствена срамота е што луѓето ги етикетираат тие работи како нешто што е потенцијална “срамота“