Очила со диоптер - срам или не?

Anacal

Полноправен Член
19 јануари 2013
45
29
18
Мене искрено не ми се носат наочари. Не дека ми е срам или не знам што, туку едноставно сметам дека не ми стојат наочари, а не можам да си најдам соодветна рамка и ги носам само по потреба. Плус не е дека сум екстремно слепа и дека не можам да гледам, ама ги носам на училиште и по дома, и во кино/театар и такви работи.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
:) Исто како да прочитав тема: Боледување од рак: срам или не?
Па, дали човек со сила би побарал да има потреба од наочари? Не, не би побарал.
Срамота е да одиш со искривени очи бидејќи навреме не си превзел дополнителни мерки: вежби за зацврстување на мускулот на окото, наочари и слично.
Срамота е да на четириесет години не можеш да се потпишеш затоа што видот ти е до толку оштетен што едвај гледаш јасна слика, а си можел да имаш „нормален“ вид ако си ги превзел мерките на време.
Не е срамота да носиш наочари. Не е срамота да се погрижиш за своето здравје.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Кога бев на фризер, имаше една мајка што си ја правеше косата пред мене. Муабетот и беше на дотичната особа следно:
-Леле колку ми е жал за Бојан (синот нејзин, годинава почнал прво одделение) , пред да тргне во школо му најдовме дека има голема диоптрија и треба да носи наочари. А сега почнува во школо, ќе го зафркаваат, нема да го прифатат. Не знам што да правам, зошто вака да почне со задевања и бла бла бла -Го сожалува сопствената мајка.
Ако нејзиниот“зрел“ мозок го размислува тоа, и го кажува тоа на глас, дури и го промовира на некој начин таквото блесаво размислување, што да очекуваме од мали деца кои го имитираат однесувањето на постарите.
На ова детенце Бојан, уште од дома пред да тргне на училиште ќе му се набијат комплекси, па ќе појде во школо повлечен, недружељубив, уплашен и ќе стане таргет на тие мангупите уште во старт. И тоа најтрагично е што не е заради наочарите, туку заради неговата лошо насочена енергија предизвикана од мајка му во случајов ќе биде магнет за такви задевања.
Не е срамота, и не смее ниту да се праша и постави ваква полемика околу нешто што значи здравје.
Срамота ли е да си гладен? Срамота ли е да немаш дом? Срамота ли е да имаш паркинсова болест? Срамота ли е да имаш белег од раѓање на самото лице?
Единствена срамота е што луѓето ги етикетираат тие работи како нешто што е потенцијална “срамота“
 

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Не е срам,не е срамота,баш е убаво и тие со наочари ми се поубави машки