„Будалите зборуваат, кукавиците молчат, мудрите слушаат.“
„Книгите се огледала. Во нив го гледаш она што веќе го имаш во себе.“
„Моментот кога ќе застанеш да размислиш дали навистина сакаш некого или не, веќе си престанал да ја сакаш таа личност засекогаш.“
„Не им верувам на луѓе кои имаат многу пријатели. Тоа е сигурен знак дека дека никого вистински не познаваат.“
„Никогаш не верувај никому. Посебно не на луѓе на кои им се восхитуваш. Тие најмногу ќе те натераат да страдаш.“
„Една тајна вреди онолку колку што вредат оние од кои треба да ја чуваме.“
„Човекот постои се додека се додека постои некој кој се сеќава на него.“
„Секоја книга има душа. Душата на тој што ја напишал и душата на тие што ја прочитале и сонуваат за неа.“
„Луѓето зборуваат премногу. Чевекот не настанал од мајмун, настанал од папагал.“
„Приказната е писмо кое авторот си го пишува на самиот себе, за да си каже нешта кои не би можел да ги каже на друг начин.“
„Судбината е обично веднаш зад аголот. Како крадец, проститутка или продавач на ливчиња лотарија – нејзините три најчести персонификации. Но она што судбината со сигурност не го прави, се домашните посети. Мораш да одиш по неа.“
„Постојат неколку причини за да се каже вистината. Но, за да се излаже бројката е бесконечна.“
„Најдобрата работа кај скрешените срца е тоа што можат вистински да се скршат само еднаш. Се друго е гребнатина.“
„Поезијата се пишува со солзи, фикција и крв, а историјата со невидливо мастило.“
„Тишината прави идиотите да изгледаат мудро барем за минута.“
„Вистинската омраза е уметност за која е потребно време да се научи.“
„Човекот сака да поверува во се, освен во вистината.“
„Човекот сака вистински еднаш во животот, дури и кога не е свесен за тоа.“
„Голем дел од нашиот живот го трошиме сонувајќи, особено кога сме будни.“
„Никогаш не верувај на некој кој на секому му верува.“
~Сите од мој омилен Зафон.
(To be continued... кога ќе имам време)