Постојат луѓе,кои ме доведуваат до состојба на рамнодушност,а мене од тоа чувство ми се повраќа.Парови кои одамна не се држат за рака,се бакнуваат само на железничка и се дупат од обврска,диктираат морални закони.Потсеќаат на бесвкусност како несолено јадење,на шлагер од два акорди,на фризури што не мрдаат,на вести на МТВ.Ми ги силуваат ушите со својата глувост,јас мислам ми мафтаат, тие го бркале лошото од себе.Зрачи од перверзност непроменливоста на нивните навики.Далеку сме едни од други илјада емотивни години.