Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Jа губиш пријателе. Полека но сигурно ја губиш. Твојата преголема гордост, ладнокрвност и незаинтересираност ја убиваат. Убаво рекле "не си свесен што имаш додека не го изгубиш".. Tи пријателе не си свесен дека до себе имаш мало срце исполнето со огромна љубов. Срце кое искрено те сака. Душа која не може без тебе. Тело кое копнее по твојот допир. Раце кои едвај чекаат да те прегрнат.. Не си свесен дека ја имаш среќата во рацете. Држи ја цврсто и не оставај ја така лесно да замине од тебе. Научи да го цениш и почитуваш она што го имаш бидејќи ти пријателе, барајќи ги ѕвездите ја губиш месечината. И ќе го сфатиш тоа, но ќе биде доцна пријателе. Доцна...
Беше едно куче со двајца сопственици. Едниот го вика и другиот го вика. Кучето се збуни нели ? Не, го гризна едниот сопственик. Го убија ли ? Не, тогаш го прашаа ли кучето кај кој сопственик ќе оди ? Сопственикот не го прашува кучето каде да оди, туку кучето на сопственикот . Тоа е лојалност !
И кога сите бродови ќе ти потонат, најди едно поле. Поле широко. Па, затвори очи, исклучи уши, растерај мисли и… диши длабоко. И обиди се да научиш нешто од сопствените грешки. Да научиш нешто од себе. Она што веќе си го искусил“.