Омилени цитати (со наведен автор)

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
- Неуспехот никогаш нема да те следи ако твојата решителност за успех е многу црврста.

- Секоја несреќа со која ќе се соочам го носи во себе семето на утрешната среќа.

- Слабак е оној што дозволува мислите да управуваат со неговите дела; силен е оној што прави своите дела да управуваат со неговите мисли.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca and Hip.Hop_MKD

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Дали ја знаете приказната за двете кутивчиња? Црното кутивче го отварате кога ви е тешко, а белото го отварате кога се е добро. А знаете каква порака ве чека кога ќе ги отворите? Е па и во едното и во другото ќе прочитате .... ЌЕ ПОМИНЕ !!!
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Најдлабоко ќе те рани,оној,од кој очекуваш дека ќе те брани.-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------Додека ја малтретираш и и викаш на својата Жена, постои Маж кој би и шепотел на уво. Додека ја вреѓаш и понижуваш својата Жена, постои Маж кој би и кажувал колку е УБАВА и ПРЕКРАСНА. Додека ја тепаш својата Жена, постои Маж кој би ВОДЕЛ ЉУБОВ со Неа. Додека и нанесуваш секојдневно на својата Жена болка што ја тера да плаче, посто...и Маж кој би и ја крадел нејзината НАСМЕВКА...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31 and NEPOBEDLIV

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Цитат од "Јади, Моли се, Уживај"
За да се справуваш со граници, мораш самиот да имаш граници, нели? Но, јас исчезнувам во личноста што ја сакам. Јас сум пропустлива мембрана. Ако те сакам, можеш да имаш се. Моето време, мојата посветеност, мојот газ, моите пари, моето семејство, моето куче, парите на моето куче, времето на моето куче - СЕ. Ако те сакам, ќе ја носам за тебе целата твоја болка, ќе се заземам за твоите долгови (во секоја смисла на зборот), ќе те штитам од сопствената несигурност, ќе ти ги прикажам сите добри квалитети кои никогаш не си ги нашол во себе. Ќе ти го дадам сонцето и дождот, а ако не се достапни, ќе ти давам проверка на сонцето и проверка на дождот. Ќе ти го дадам сето ова и многу повеќе, се додека не станам толку изморена и истрошена, што единствен начин да ја вратам мојата енергија е да се инспирирам од друг!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
  • Луѓето кои нè повредуваат ни ги даваат најголемите лекции во животот.
  • Постои причина за сѐ. Понекогаш разумот не може да најде одговор, понекогаш одговорот сам ни кажува сѐ, но чувствата секогаш ја знаат вистината за крајот.
  • Добрите луѓе носат среќа, а лошите... искуство.
  • Можеби ќе има и поубави времиња , ама ова е нашето...
  • Понекогаш нештата што не можеш да ги промениш, тие те променуваат тебе.
  • Честопати не знаеме да ги цениме нештата кои ни изгледаат мали, а всушност тие се оние кои се највредни. Живееме лутејќи се и мразејќи се едни со други, не размислувајќи колку луѓе има во светот што не почувствувале топла рака врз себе. Мечтаеме за богатство и луксуз, не мислејќи дека тие се само привремени, а душата е она што треба да ни претставува најголемо богатство за кое треба да се грижиме.
  • Четириесет години е старост за младите луѓе, педесет е младост за старите.
  • Пријател e оној кој те разбира, па дури и тогаш кога ти самиот не се разбираш...
  • Немој да му дозволиш никому да се скрива зад извинувањата и подароците. Оној кој ја заслужува твојата љубов нема да има потреба да ја купува.
  • Велат дека чувствителните луѓе се кршливи и слаби.. Јас, напротив, верувам дека тие се оние коишто најдобро можат да ги видат и разберат чувствата на другите.
  • Надежта е желба да се случи нешто.
    Верата е да се верува дека ќе се случи нешто.
    Храброст е да се направи да се случи нешто.
    Љубовта го олеснува сето тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic and InnaLaurie

InnaLaurie

Истакнат Член
12 март 2012
281
322
363
31
На некој пуст остров
Земав само долен веш, излитени фустани, стари чевли, ги спакував во куферот на тагата. Ќе се состанам со самотијата во некој валкан хотел. Ќе пијам вино од чаша со отпечатоци од туѓа приказна. Ќе седам во полумрак и вдишувам миризба од сандовал, џез ќе одекнува во позадина, а јас ќе уживам во голотијата на мојата душа. Телото распослано со својот немир. Ми треба валкан секс! Отпечатоци од прсти, остатоци од кожа, влажни усни ,бол од задоволство.
Те посакувам! Ама.. Самотијата сојузник, тело – копнеж, љубов без покривка. Ти таму, јас тука...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
„Кога светот вели ‘откажи се’, надежта шепоти ‘пробај уште еднаш’.“ – анонимен автор
„За бидеш најдобар, потребно е да се справиш со најлошото.“ – Вилсон Канади
„Никогаш не дозволувајте вашето минато да ви диктира кои сте, но сепак нека биде дел од она што ќе станете.“ – Џони Магања
„Луѓето кои нè повредуваат ни ги даваат најголемите лекции во животот.“ – анонимен автор
„Следете го вашето срце без сомневање. Ако е во право, ќе успеете, ако не, ќе научите.“ – Вилсон Канади
„Од добрите работи учиме да бидеме благодарни, а од лошите да бидеме силни личности.“ – Вилсон Канади
„Не можам да го сменам правецот на ветерот, но можам да ги прилагодам моите едра да ме однесат до мојата цел.“ – непознат автор
„Секогаш борете се за она што го сакате, не откажувајте се од тоа без разлика колку изгледа безнадежно. И кога ќе немате веќе надеж, запрашајте се дали после 10 години би посакале да се обидевте уште еднаш, бидејќи најубавите работи во животот не се случуваат ‘бесплатно’.“ – Досонс Крик
„Сништата се денешните одговори на утрешните прашања.“ – непознат автор
„Вашиот проблем не е навистина ваш проблем. Вашата реакција на проблемот е всушност ваш проблем.“ – Брајан Кинси
„Нашите животи се подобруваат кога ризикуваме, а првиот и најтежок ризик кој можеме да го преземеме е да бидеме искрени со себеси.“ – Волтер Андерсон
„Само оние кои ризикуваат да отидат предалеку знаат до каде може да стигнат.“ – непознат автор
„Не очекувајте ништо и ќе бидете изненадени од нешто.“ – Вилсон Канади
„Ако си роден сиромашен тоа не е твоја грешка, но ако умреш сиромашен тоа ‘е’ твоја грешка.“ – Бил Гејтс
„Не плашете се да покажете кои сте навистина, бидејќи сè додека сте среќни и задоволни од себе, туѓите мислења не се важни.“ – непознат автор
„За тие кои се на врвот не бидете премногу горди, за тие кои се на дното – не бидете засрамени. Ништо не е дефинитивно, сè уште нешто може да се промени.“ – Вилсон Канади
„Не категоризирајте се себеси, создадете нова категорија.“ – Ентони Ривера
„Не обидувајте се да бидете добри во сè. Бидете добри во нешто. Тоа е она што ве прави посебни.“ – Вилсон Канади
„Кога треба да донесете тешка одлука фрлете паричка. Кога паричката ќе биде во воздух ќе сфатите на што се надевате.“ – непознат автор
„Искушението да се откажете е најголемо во моментот кога сте на прагот од успехот.“– Кинеска поговорка
„Секое утро ви нуди две можности: да продолжите со спиење и сонување или да станете и да почнете со остварување на вашите сни. Изборот е ваш!“ – непознат автор
„Постојат две можности во животот, да следиш или да бидеш следен. Не можеш да бидеш и возач и патник во исто време.“ – Вилсон Канади
„Моментот кога ќе престанеш да се грижиш за тоа што другите мислат, почнуваш да бидеш тоа што навистина си.“ – непознат автор
„После дождот се појавува виножито, по бурата е мирно, по ноќта доаѓа утрото, по завршетокот доаѓа нов почеток.“ – непознат автор
 

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Мајките секогаш се млади. И мојата мајка е млада. Мајката никогаш не старее. За мојата мајка јас секогаш сум дете и за неа никогаш не стареам.

Жалоста што ја носи детето е еднаква на товар што го носат возрасните, но детето ја носи на своите слаби рамена!

Чудно е колку малку ни е потребно за да бидеме среќни, а уште почудно е како често токму тоа малку ни недостига!

Стравот на кој ти ќе му дозволиш да се наталожи во твојот ум е полош од стварноста!

Токму можноста да се оствари еден сон, го прави животот поинтересен!

Јас сум како и сите луѓе: на светот гледам како што сакам да тешат работите, а не онака како што навистина течат!

Се' што ќе се случи еднаш, не мора никогаш да се повтори. Ама се' што ќе се случи два пати, сигурно ќе се случи и трет пат.

Кога треба да се качиш на некој рид немој да мислиш дека ако чекаш, ридот ќе се намали.