Од какви мажи/жени бегате?

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Од премногу слаткоречивите...меки, меки на уста чудо едно...отсекогаш ми сметале, ама ај некако сум им давала шанса, демек такви се, душички....ама тоа ти било хипокризија невидена...
Однапред спремни реплики, кои палат кај секоја женска ,пошто нели ја креваат до плафон и си се осеќа дека е уан ин а милион, а уствари испаѓа дека за него секоја втора е таква....
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ми пречат девојки што никогаш вината не ја бараат во себе. Си бил во нивниот живот, си направил - направиле, да се чувствува/аш убаво, а подоцна не престануваат да плукаат по сѐ што сте имале, само од бес и не знам што друго. Да бидам попрецизен, бегам од оние што додека се со тебе ќе ти кажуваат колку се воодушевуваат од секое твое делче, а подоцна секое тоа делче што претходно го обожувале суптилно ќе го исмеваат.
Тоа се оние лицемерни луѓе за кои жалиш дека си ги пуштил да навлезат во твојот живот(не само на љубовен план) и што си им дал место што не го заслужиле - но, од грешките се учи.
Исто така бегам од девојки што не внимаваат на својот изглед - би излажал ако кажам дека онаа „скоцканост“ кај девојка не ми е важно. Секој трет ден мрсна коса, римел од пред четири дена, испукани усни, искршени нокти...-есо но ес пара ми.
Ми пречат и девојки што не знаат да се опуштат од тоа што се преокупирани да глумат Дева Марија. Ако спомнеш машки полов орган образите им заруменуваат, ако ги допреш за задник ти маваат шамар - ма немој молим те, од Рајот да не излезе? За калуѓерка да не се спремаш?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and malo

Viktoia

Нов член
9 март 2014
11
11
3
32
Не можам да поднесам машки кои велат дека сакаат, но незнаат тоа да го искажат. Мразам некои кои се наметливи и без осет
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,032
9,656
1,683
Normandy
Не можам да поднесам машки кои велат дека сакаат, но незнаат тоа да го искажат. Мразам некои кои се наметливи и без осет
A како треба да го кажат тоа што сакаат?
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Агресивни,самобендисани на гол гз(ем шуто ем боде),секој збор им е искажан во демунитив(камиоче,штрафцигерче...),фалбаџии.
Мажи кои не обрнуваат внимание на хигиената и нивната среденост,детињасти,неодговорни...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and MoonFairy

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,906
1,683
Disco
Од луѓе кои се ставиле во промет. Партиски промет најчесто, што е полошо отколку да си го ставиле чмарот во работен однос. Се работи за лица со кои комуникацијата станува излишна, знаеш што можеш да очекуваш (ништо добро) и би те продале за ситна пара.
Од бирократи, цајкани и патриоти.