Од какви мажи/жени бегате?

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Од оние нападните и оние кои целосно сакаат да постават контрола над мене.
Имаше близок пример пред 6 месеци. Фина девојка, ја запознав во редот за сликање лична карта. Кафенеце ова она....тама си реков, чупе ко за тебе, таа почна да прави планови за моето слободно време без да ме праша. Си велам бегај.
фалиминдерит
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Јас у главно бегам од небањати. :|

Такоџе од силувачи на „ ЈАС “ во секоја можна прилика за муабет, персони со его и нос до плафон, искомплексирани до јаја...
Момаци кои те убедуваат дека на Адил ќе биде лудница, кои те тераат просто да ги замислуваш како со извадена рака на прозорецот у југото и чечкалица во уста, свилена цветна кошуљица полураскопчана попуштаат музика на семафори...(facepalm)
Оние кои се поносни на своето размислување дека се знае кој е маж у куќа и кој лупа на маса, док жена му му спрема зелка и жута, оние кои влечат фрустрации со себе како носталгични абортуси, кои мислат дека Aurora Borealis е име на порно актерка и не прифаќаат никаква друга опција...
Значи бегам дур ме држат нозе...
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Јас никогаш не бегам од некоја личност, само игнорирам личности со кои немам никаков муабет направено и се прават дека не те познаваат, а при прва прилика доаѓаат да бараат некаква помош; луѓе кои немаат никаква смисла за хумор или имаат глупа смисла за хумор; луѓе кои мислат дека се` знаат и дека се најпаметни, а сите се под нивното ниво; луѓе кои мислат дека турбофолкот е најдобра музика што постои; луѓе кои носат Најк патика и брендирана облека и мислат дека со тоа се фаци.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Јас се обидувам на најкултурен начин да избегам од момци кои сметаат дека можат да ме поседуваат, кој за мене прават муабет како за предмет со кој се тргува или како играчка со која од време на време ќе сакаат да си поиграат.
Истотака, не ми се допаѓаат оние кои немаат никакво однесување ни кон тебе ни кон светот околу тебе( мислам особено е важно да погледнеш со светот околу тебе како се донесуваат зошто баш лично со тебе може и да изглумат), оние кои прават прост муабет и се гледа дека не се паметни...
Мачо типови од стилот сељак кој може да направи се само ако посака истотака ми се на црната листа...
А во принцип не знам да бегам од луѓето - тие бегаат од мене :zelen
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Бегам од оние сиромашни од дух. Т.е. не бегам од нив туку они бегаат од мене кога ќе им изрецитирам два реда од Странецот, Ками.:D
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Би се сложила со Саладин тука. Небитно дали се работи за иден партнер, пријател, познаник.
Бегам и од луѓе во розев меур, кои пак бегаат од реалноста. Бегам и од луѓе кои однапред се предодредуваат дека ќе го поминат животот на туѓ грб.
Да не ги заборавам и патолошки болните за внимание.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and True_Blood