Од какви мажи/жени бегате?

BokoLoco

Нов член
6 април 2013
26
24
3
30
Скопје
Бегам од нафурани типки шо мислат дека животот се врти околу едно сепаре во диско. Исто одбивни ми се шо претерано многу прават муабет и оние со пискави гласчиња.
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Бегам од лигави девојки , претерано љубоморни и со писклив глас. Исто така избегнувам девојки кои се премногу глупи , а тоа ќе го заклучиш веќе по втората реченца или пак девојки кои се премногу суеверни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BokoLoco

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Од претерано љубоморни и посесивни.

Ако нешто ме вади од такт, тоа е кога некој нон стоп мора да знае каде сум, со кого сум. Си ја сакам слободата и кога некој ме гуши, бегам како луда. Па имаш муабети, ти само со мене ќе излегуваш, ако одеш со другарките машки ќе те гледаат(facepalm)(facepalm) Па имаш забрани да се носи кратко, забрани да се носи деколте, забрани да се пие алкохол. Една другарка имаше ваков, секогаш кога ќе го видев добивав таква желба да го нокаутирам, ау. Секое влакно од кожата ми се ежеше кога ќе го видев.

Од женкари. Сум кажала, маж кој изневерува за мене не е маж. А и си се ценам себеси, да одам со некој кој знам дека воопшто не ме цени, оди со други и ме прави идиот, нема шанса. Не сум идиот. Си имам и таков карактер, ако машкото мисли дека е јак јебо оти соблекол повеќе женски тогаш си живее во илузија и единствени кои можат да му се диват се неговите исто толку ментално способни другарчиња.

Од заостанати што мислат дека жената треба да е невина, да готви и пере, да чисти и да биде домаќинка без никаква кариера. Немам коментар за овие последниве...
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Јас изумив да ги споменам оние со тапа смисла за хумор, што увек кажуваат некои епик феил фрази, вицови, на кои добиваш нагон да се насмееш едино поради дебилната фаца на блаженост и дичење, што му ја гледаш на дотичниот раскажувач и фактот дека него озбилно му се смешни.
И оние што не те оставаат да завршиш реченица, значи ти исцрпуваат енергија до максимум со секое прекинување на мисла, со упикување у сред реплика, ко да вадат норма јеботе :D

И луѓето, без разлика дали се мажи или жени што не знаат или не сакаат да воспостават eye contact. Тоа ужасно ме иритира, а нив ги прави изгубени германци.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Еее си ми ги избришал мислењата дека офтопик, ај онтопик да пишам.
Јас бегам од жени и мажи шо се полицајци, судии, пазарни инспектори и сите такви кои претставуваат опаснот за мојот буџет.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Од уфилмани мажи кои мислат дека ако тато од украдените пари од работа му купил некое количе, станче и џепарлак за две пијачки во кафич може да си бира девојка да му стои како привезоче до клучевите од новото бмв, пошто и да сака не е способен да води нормален муабет, поради лажичето од кафето што ги цуца цел ден за да ни даде до знаење дека бил скоро на кафе додека ние сме се мачеле за пари кои не знаеме дали да ги дадеме за кафе, за леб или за заштеда за студии на идните генерации, или пак толку му дозволува мозочето. Е од такви мажи бегам јас! :)
 

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
304
163
пред компјутер
од премногу искрени и наивни луѓе бегам и машки и женски,љубоморните и просто необразовани-прости не се на мое ниво за да бидам со нив
oд ваквите.


искрен сум.
 

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Јас бегам од нападни ама стварно нападни луѓе, а другите ако не ми се допаѓаат ги игнорирам.. бегам од типци што се фалат дека свртиле илјадници .. оти тоа е само нивни филм .. бегам од љубоморни, необразовано - прости како што рече monika88 хахаха .. добар ти е описот стварно .. ииии да .. бегам од оние кои тотално се замараат со политика, ме нервираат едноставно... :) фала :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: monika88

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
денеска најсериозно бегам од испартизирани полтрони - како шо тие луѓе умеат да гњават и пријатели и познајници се ми се магла и се разбира од глупави и ограничени мажи и жени кои очигледно сеуште незнаат кој век сме и коефициентот до кај 80 ска им оди ...нагоре јок, ете од таквите бегам јас лично !!!