Море они како бегаат од мене да видите...
Што знам, ко помала ептен бев во некој оклоп, за на крај секогаш да завршам со најпогрешниот можен избор од кој сум требала да бегам.
Сега повеќе пружам шанси да ја запознаам личноста, па мме, нема чинот да ми се скрши ако направам муабет, и ако ништо друго, барем поднаучам нешто од различни гледишта, оти сфатив дека тоа е и повеќе од потребно.
Како и да е, ги пребројува ли парите (и
љадарките) гласно на маса, а притоа под око гледа кој го приметил, најзаводнички муабет му е со колку легнал и колку го посакуваат, се обраќа на цурите со „мачко/невесто/цуцо/срце“, наводно ја плеснал секоја трета што случајно ќе мине по улица, гордо носи качкет од партијата на која се крсти пред спиење, а еден бицепс му е потежок од сите муабети што ги свртел за цел живот...бегам, дувам и не окречем се.