Од какви мажи/жени бегате?

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Од каков тип на мажи/жени бегате?
Од каков тип на карактери бегате?

Не се мисли на физички изглед , туку за почеток на состанување и врска.
 

Just Perfect

Активен Член
3 април 2013
137
120
43
Најмногу од оние "очајните," -премногу замараат и досаѓаат и сл иако ти на секој можен начин им укажуваш дека НИКОГАШ ама баш НИКОГАШ не би имал нешто со нив :banghead
или пак "нафураните "
 

Marchisio

Староседелец
4 јуни 2012
551
902
1,093
од деца што и лета паметот што и самите не знаат што сакаат во животот
да не речам дволични денес вака утре онака
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Од....
Ја не бегам уствари од никакви.
Кај секој можам да најдам нешто позитивно што би ми овозможило да се разберам со истиот.
Но, избегнувам луѓе со кои неможам да си направам "моабет".
Кој не се способни за нормален разговор,
каде што морам да размислувам што би можела да речам сега?И кои очекуваат јас да го водам текот на разговорот.
И не ми се допаѓаат материјалисти.
Ете тие.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Море они како бегаат од мене да видите... :frantic
Што знам, ко помала ептен бев во некој оклоп, за на крај секогаш да завршам со најпогрешниот можен избор од кој сум требала да бегам.
Сега повеќе пружам шанси да ја запознаам личноста, па мме, нема чинот да ми се скрши ако направам муабет, и ако ништо друго, барем поднаучам нешто од различни гледишта, оти сфатив дека тоа е и повеќе од потребно.
Како и да е, ги пребројува ли парите (иљадарките) гласно на маса, а притоа под око гледа кој го приметил, најзаводнички муабет му е со колку легнал и колку го посакуваат, се обраќа на цурите со „мачко/невесто/цуцо/срце“, наводно ја плеснал секоја трета што случајно ќе мине по улица, гордо носи качкет од партијата на која се крсти пред спиење, а еден бицепс му е потежок од сите муабети што ги свртел за цел живот...бегам, дувам и не окречем се.
 

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
382
516
393
Избегавам машки од типот " ја се знам,се сум поминал се сум видел,па еве сега те советувам " Ако имаш квалитети и знаеш се бе брат ќе излезе на виделина ,немора да се докажуваш! Најубав сум,сите моми по мене трчат,кола имам најјака ,пари имам (да се живи и здрави мама и тато), билдам оти у мода е сеа! Оде по улицата како уштиркан ,мисле цел свет негов е а 3 чисти нема у главата .Со такви никогаш не сум имала контакт и нема да имам ! (shake)
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Од неодговорни , кои мн често се жалат за се и сешто , од фалбаџии кои мислат дека можат да ја имаат секоја женска шо ќе ја видат, од дигнати "види ме каква кола возам " и после вој муабет иде пајак и му ја собира па се јавува кај мајкаму и вика : Мамо колаатаааааааааааааа :place -->:rofl
ахха
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and JaMi

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Бегам ја од женски по битолски ќе кажам пуфли (некако појако ми звучи тоа пуфли од шмизли) . Бегам ја бегам..оти уствари незнам шо муабет да му праам. Може и до мене е , не викам не! Ја незнам да праам муабет со саати за тоа дека дечко и за матура и купил прстен со 3 замисли со ТРИ топчиња горе на прстенот обложени со бело злато и циркони се извинувам сваровски дијаманти итн итн...и ок со здравје да го носи!шо да кажам ја повеќе...ама не! дискусијата продолжува! и ја веќе почнувам да се нервирам и смислувам начин некако да сменам тема...и таман ќе смениш тема почнува она со муабетот за нејзината тигреста танга со чипка одстрана и пушап прслукот исто така ТИГРЕСТ! |-( изгледам исто како смајливо! само тоа ќе кажам!
А од мажите не се нервирам толку искрено да кажам...може ми се нема погодено некој!Нормално неќам дигнати фаци,со златни ланци и прстени шо ја мафкат раката пред тебе демек да видиш,оти ако не видиш дека он носи злато крај на светот ќе дојде!мразам исто мажи шо живеат у свој свет и си имат некои свои мислења за светот и општеството и они уствари ''СЕ ЗНААТ''! и ти тука немаш право на глас!ти ништо незнајш и глуп си и не живејш у 21 век! и ако продолжам да пишам ќе се изнервирам...доста е сеа за сеа... :D
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
35
Неготино
од премногу искрени и наивни луѓе бегам и машки и женски,љубоморните и просто необразовани-прости не се на мое ниво за да бидам со нив