Од какви мажи/жени бегате?

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Ubavo kazano od edna makedonska poetesa, go pozajmiv bez da prasham.
Од исто јаболко две полојни да бидите
ANA BUNTESKA·THURSDAY, 6 OCTOBER 2016
Господ да те чува од маж кој маж не е
И жена која не знај жена да биди
Оти таму од љубовта нит семка ќе се фати
Нит дрво со плодој ќе изникни
Таму кај шо мажот не е за почит
А жената за сакање не е
Таму секнува животот ко пресушено корито
Ко убав фустан насила скинат
Та секогаш поработ ќе се познава
И окото таму ќе ти бега
Чупе, слушај ваму
Таму кај шо в куќи љубов нема
И двајцата ко поулавени се
Та и во иста соба да бидат
Ко да не знаат и познаваат
Се одбегнуваат да не се сретнат
И пупупу случајно да не се допрат
Ко чума да имаат
Чума од нељубов да шират
Таму кај шо мажот силен не е
За маж в куќа да биди
Жената аздис фаќа
И престанва со светнати очи да го пули
А онаму кај шо жената мудра и нежна не е
За од тој до неа создај сила врз која ќе се крепи
Мажот глата ја врти
И појќе ко жена за себе не ја гледа
Таму кај шо мажот и жената
Од исто јаболко две полојни не се
Таму љубов не бива, ниту пак нив ги бива
И се познаваат по очите
Еве, заврти се околу
Загледај им се на луѓето во ѕрцалата
Одма ќе видиш кој со убост и слога в куќа живеј
И кој дома си бега оти нема кај да преспие
Греој
Греој еден кон друг и сами за себе
Со омраза и гнев
Или скраја да е, без желба за живот
Ко од свежи гробој изваени
Не беше така порано пиле
Така ич во мое време не беше
И не џабе се рекло оти мажот глата во куќата мора да е
Ама жената вратот за да знај кај да заврти
Оти глаа без врат не ја бива
А врат без глаа чуму ти е
Ама се’ наопаку стана
Живеете без сакање и почит
Не зборвате или само врескате
Еден на друг сол на глаите си триете
И инаети еден со друг терате
А животот врви
Си тера тој молкум и без да сетите
И ете гледај! староста дошла, на врата тропнала
А вие уште по љубов трчате и на неа се надевате
Ко да е таа гостин кој неканет треба в куќа да влези
Без да имате храброст да ја побарате
Да ја живејте, да ја имате и чувате
Ко шо мажот треба таа до него да ја чува
Абе ко вода на дланка и ко бисер во школка да ја пули
Ко шо жената мажот треба да го пази
Ко љубовник и другар со сето срце да го љуби
Ех, пиле
Ум да бериш и со срце и ум да одбериш
Маж, ама и ти жена покрај него да бидиш
За да денот и животот ви свети
Ко јас и дедо ти шо бевме
Со љубов шо корени имаше до центарот на земјава
Ко лешникон стар, ко нас...ко ние шо бевме
 

rikica01

Истакнат Член
19 ноември 2015
58
20
118
29
секоја жена си има свои квалитет сове јас само има и некои кои се прават не знам што во облаци а напротив тие се подолу и од најдолните
 

Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
32
Скопје
...од мажи со многу златни прстени на рака, ланец, тетоважи, со кило гел на косата, фризури оштри, безчувствителни сељаци, пропалици што се замишљаат, како е нивен светот и дека тие можат се`во него. Епа нит можат се, нит прават. Само летаат. Глупи се! (facepalm):^)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Од Хунзи и слична патологија. Ама тешко е сам против сите...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Не бегам, туку се дистанцирам. Нека бегаат тие од мене де :)) Од искомплексирани и со предрасуди.