Ми пречат девојки што никогаш вината не ја бараат во себе. Си бил во нивниот живот, си направил - направиле, да се чувствува/аш убаво, а подоцна не престануваат да плукаат по сѐ што сте имале, само од бес и не знам што друго. Да бидам попрецизен, бегам од оние што додека се со тебе ќе ти кажуваат колку се воодушевуваат од секое твое делче, а подоцна секое тоа делче што претходно го обожувале суптилно ќе го исмеваат.
Тоа се оние лицемерни луѓе за кои жалиш дека си ги пуштил да навлезат во твојот живот(не само на љубовен план) и што си им дал место што не го заслужиле - но, од грешките се учи.
Исто така бегам од девојки што не внимаваат на својот изглед - би излажал ако кажам дека онаа „скоцканост“ кај девојка не ми е важно. Секој трет ден мрсна коса, римел од пред четири дена, испукани усни, искршени нокти...-есо но ес пара ми.
Ми пречат и девојки што не знаат да се опуштат од тоа што се преокупирани да глумат Дева Марија. Ако спомнеш машки полов орган образите им заруменуваат, ако ги допреш за задник ти маваат шамар - ма немој молим те, од Рајот да не излезе? За калуѓерка да не се спремаш?