Чекањето да пораснат вашите нокти знае да биде многу фрустрирачко. Изгледот на ноктите е многу важен за една дама. Не мора да се долги или впечатливо излакирани – најважно е да се средени. Средените нокти се желба на секоја девојка. Лакот е совршениот моден додаток. Негувани раце и чисти средени нокти се последица од секојдневните ритуали кои жените ги прават. Ваквиот изглед е очекуван и делува лесен за постигнување, но потребни се време и вештини за да биде секогаш беспрекорен.