Јас двапати имам ставено надградба. Првиот пат гелна беше. Ама сама ја вадев кога почнаа моите да растат и се уништија. Имав 13 години, појма немав дека требало тие да ми ја извадат.
После ставив за полуматура, акрил. Тоа беше подобро. Не се уништија и повеќе траеја.
Сега сакам пак да ставам ама се мислам дали акрил или гел. Само така престанувам да ги грицкам ноктите, друг спас ми нема...
Бегам подалеку од надградба и гелови. За матурата имав надградба на моите нокти. Стоеја околу месец и нешто и не можев да ги поднесам веќе, па почнав сама даги вадам. После тоа ноктите ми беа меки и многу се лупеа. Едвај успеав да ги вратам на здрав пат Е сеа, дали тоа беше поради тоа што ги извадив сама или и без тоа ќе ми беа такви-не знам.
Оттогаш ни гелови, ни надградба. Лакчињата, цртачите и печатите в раце и сама си ги средувам или некогаш тоа и го препуштам на другарка ми.