Нокти - гелни, надградба

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Ги обожавам. Така ми се поправи ноктот и ми расте веќе поцврст, без да се лупи.
Два пати ставив нагдрадба, за потоа на моите да ставам само гел, како заштита и подолго траење.
Курчење е секој втор ден да се замараш со лакирање. Сега две недели немам грижа за излупен лак.

Инаку за долги и тенки ќе бараш надградба само со типсови.
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Јас двапати имам ставено надградба. Првиот пат гелна беше. Ама сама ја вадев кога почнаа моите да растат и се уништија. Имав 13 години, појма немав дека требало тие да ми ја извадат.
После ставив за полуматура, акрил. Тоа беше подобро. Не се уништија и повеќе траеја.
Сега сакам пак да ставам ама се мислам дали акрил или гел. Само така престанувам да ги грицкам ноктите, друг спас ми нема...
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Јас двапати имам ставено надградба. Првиот пат гелна беше. Ама сама ја вадев кога почнаа моите да растат и се уништија. Имав 13 години, појма немав дека требало тие да ми ја извадат.
После ставив за полуматура, акрил. Тоа беше подобро. Не се уништија и повеќе траеја.
Сега сакам пак да ставам ама се мислам дали акрил или гел. Само така престанувам да ги грицкам ноктите, друг спас ми нема...

Гелни, зашто акрилот е пластика и повеќе оштетува. Ако ставиш гелни и после еден месец отидеш на одржување, да ги скратат, односно направат пак убави, наредниот твоите ќе бидат доволно долги за да ставиш еден слој на гел како заштита.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LadyInPink

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Бегам подалеку од надградба и гелови. За матурата имав надградба на моите нокти. Стоеја околу месец и нешто и не можев да ги поднесам веќе, па почнав сама даги вадам. После тоа ноктите ми беа меки и многу се лупеа. Едвај успеав да ги вратам на здрав пат :D Е сеа, дали тоа беше поради тоа што ги извадив сама или и без тоа ќе ми беа такви-не знам.
Оттогаш ни гелови, ни надградба. Лакчињата, цртачите и печатите в раце и сама си ги средувам или некогаш тоа и го препуштам на другарка ми.

Исто,исто.... не можев да си ги вратам во нормала,се зацрвстија и неколку месеци после ми се двоеа ми се лупеа....природно си е природно бе :D
 

Marama

Нов член
21 февруари 2012
14
7
3
30
Пред една година прв пат си ставив гел на моите нокти , али после една недела одма почна да ми се лупи... Верувам дека беше до искуството на козметичарките :unsure
 

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Досега немам направено доградба, пошо ги грицкам ноктите :sram
Во план сум да направам за матура, пошо кај ќе одам со нокти изгрицкани, цела скоцкана, средена, ноктите за никаде :D