Си користам шампон, силиконски капки, и спреј за коса од шварцкоп... користам и едни ампули за коса, и кога ќе ставам од нив, косата ми е многу мека и убава...
Косава ми е толку намачена, што од толку препарати што и ставам, гарантирам дека се чувствува ко Касандра у најбољим годинама. Пред миење ставам масло на косата, моментално чичково на Фитофарм, (претходно користев рицинусово), и тоа од коренот до врвовите со масажа на скалпот, а после еден час ја мијам со не многу топла вода, ставам грст шампон, моментално од Гарниер од калинка (додека како најдобар се истакна Гарниер за бојадисана, од авокадо и арганово масло), ја масирам нежно ем грубо, измивам додека зашкрипи, ја тријам со крпа, па нанесувам регенератор соодветен со шампонот, а преку едно миење маска од ленено семе на Hair Care (маскава е ефтина, 165 денари за 250 мл и ептен ми се погоди), расчешлувам со чешел со широки запци да фати секаде. После миењето ја мотам во крпа, оставам 15-ина минути, прскам Глис за оштетена или ставам силиконски капки на Авон, ја расчешлувам и ја оставам природно да се суши. Фенот не го милувам, исто така и апаратите и средствата за обликување, освен за итни кризни случаи. :trepka
Имам тенко влакно и косата многу ми се мрси, колку шампони сменив. Сега користам еден на Recept Спојлер: кликни и сум задоволна. Се шишам скоро секој месец, пред да ја сушам ставам Спојлер: кликни , отако ќе исушам и малку ќе ја исфенирам ставам капки.
Само шампон, каков има дома, често го менувам и тоа почнува да ме нервира, ке барам некој соодветен и не го менјам.
Користам 4 шампони и еден регенератор, сите од L'Oreal. Засега немам метил, еве две години како не сум се пострижил.
Шампон Сајос, и силиконски капки. Ништо друго. Оштетени врвови - кога ќе ги приметам одам на потшишување.