На кој начин ја негувате косата?

Deadelina93

Полноправен Член
15 февруари 2012
52
107
18
Сите сакаме здрава и сјајна коса...Какви производи користите, како се справувате со расцветаните, или остетени врвови?
 

Lucia

Староседелец
14 февруари 2012
33
58
1,018
Често менувам шампон, читав некаде дека не е добро нон стоп да се употребува ист шампон. Користам и маска за коса, силиконски капки и средство за полесно фенирање на косата. Се шишам на 2 месеци, не ја кратам многу, само оштетениот дел и така:)
 
  • Like
Реакции: Sweetgirl1605

Glorry

Истакнат Член
14 февруари 2012
261
369
63
Палмолив шампон користам и е доста ефикасен,премногу ми одговара и ми прави многу волумен,исто ставам и маска на палмолив,некогаш силиконски капки,никогаш се немам фарбано ниту пак шатирано и косата ми е доста здрава :D
 

Lily

Староседелец
15 февруари 2012
142
123
1,043
Скопје
Користам wash&go шампон, маска за коса било каква, сите ми се исти, ставам колку да ми мириса убаво:)и нивеа гел за исправување на косата. ретко се пеглам:)И тоа би било тоа:)Сега сум во потрага по некој производ за поголем волумен, па ако знае некој може да ми предложи;)
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,239
1,758
113
Малку таму, малку овде...
Користам Nivea Diamond Gloss, маска од Elseve и спреј за коса од Орифлејм. Оштетениот дел го шишам редовно и тоа е тоа.
Не ја сушам со фен освен во ситуации кога тоа е неопходно и не ја пеглам бидејки ми е скроз права.
 

Minella

Активен Член
15 февруари 2012
169
171
43
Pust ostrov
Сега за сега користам Гарниер шампон (темно зелениот) и маска за коса исто од Гарниер со авокадо и маслиново масло ,силиконски капки Аура и Нивеа маска за суво нанесување на косата , пошто имам виткана коса , и секако Тафт пена за коса , иначе сум задовална , а кога бев во Норвешка користев многу убав шампон за коса од Forever Living Products, само по каталог се нарачуваат ги има овде и кај нас да се нарачаат а превише се скапи за нашиот буџет ,многу шампони сум користела али како овој што е нема ниту еден подобар иначе е на база на Алое Вера и Јојоба и не треба на косата после шапонот и балзамот ,нити силикон,нити маски ,дава многу волумен ,сјај и што е најважно косата не цвета ич :kafe
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
641
93
Ја миев косата со Wash&Go Apple fresh, но ми се појави првут по неколку месеци употреба. Фризерката ме советуваше околу месец дена да ја мијам со Бекутан детски шампон и навистина има резултати. Побрзо се мрзи косата, но првутот исчезна.
После капењето, на полуводената коса ставам маска од Garnier за оштетена коса и толку.

Е сега, бидејќи планирам да престанам со употреба на Бекутан шампонот, дали може некој да ми препорача добар шампон против првут од кој е задоволен?
 

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
507
803
693
Шампон и регенератор само. Не сакам да експериментирам многу, многу.
И понекогаш ја пеглам или виткам, моментално ми е извиткана :D
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,279
3,528
443
Скопје
Шампон и регенератор Гарниер со авокадо и маслиново масло,силиконски капки од Авон,Тафт лак за коса. Често ја пеглам,и секогаш ја сушам со фен. А се шишам на 3 месеци,по 1см :biggrin