Моментално читам...

ScorpioNka

Истакнат Член
29 март 2016
29
41
113
„Читачот“ - Бернхард Шлинк
Сум ја читала како студент, сега после неколку години, од необјасниви причини посакав да се присетам на содржината, па ја зедов пак :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Тројца воени другари - Е.М.Ремарк.
Немам што да додадам за овој извонреден автор. Секое негово дело избликува со емоции. Едноставен незаморлив стил, кратко сиже - тројца другари и нивниот живот по првата светска војна на почетокот на светската економска криза. Роберт (главниот протагонист) се запознава со Патрис, жена од повисоките културни кругови. Па сепак наоѓаат некое заедничко тло често да бидат заедно. На средина сум од книгата, изобилува со прекрасни описи на тогашна снемоштена Германија, животот во еден голем град. Имам приметено дека писателот доста филозофски настапува во неговите дела, буквално секаде каде би можел, вметнува некоја мудра мисла. Понекогаш делува претенциозно, но сметам дека е сосема доволно.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Конечно го набавив бисерот на превентивната медицина, легендарното дело на Др.мед. Бошко Томовски (ова др.мед е нешто како Хаус ем ди ваљда) под наслов ДРОГА - Болест на денешницата.
Многу корисно но пред се информативно дело со мноштво на точни и прецизни информации зачинето со искуства на анонимни наркомани и секташи.
Во својата култност оваа книга е рамо до рамо со `Пази Секта` на една српска авторка.

img037.jpg
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Агонија и екстаза - Ервинг Стоун
Интересничка ми е само заради тоа шо го опишува животот на Микеланџело, инаку некако ми е штура и површна. Сум отприлика до четврт и уште чекам асално да го дофати насловот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Киднапиран - Р. Луис Стивенсон
Типичен авантуристички роман пишан во крајот на 18ти век. Изобилува со голем број на ликови, преводот од издавачката куќа Бегемот на ниво. Главниот протагонист по смртта на неговите родители заминува кај единствениот роднина кој останал жив, кој за ситна пара и без негово знаење го предава на капетанот на еден брод. Оттука почнуваат згодите и незгодите на главниот лик.
Сосема солидно книгиче.
 

Puzzled Soul

Нов член
7 јуни 2016
2
1
3
"Преживеј за да раскажуваш"- Лиса Гарднер
Можам да кажам дека е една од најубавите криминалистички книги што ги имам прочитано. :)