Моментално читам...

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ја читнав третина "Најубавата жена во градот и други приказни" на Буковски, но поради ужасниот превод, ја баталив. Пред некој ден ја започнав Ефи Брист на Теодор Фонтејн, сега за сега ми е океј, лајт книгиче.
 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
И Сликата на Доријан Греј и Гетсби ако не ми беа лектири на факултет, тешко дека некохаш ќе ги прочитав :))) Последно Ејми ја нема ја прочитав и ми се допадна, иако е малку запурничава. Филмот не го изгледав. А Мрачни места па обратно, филмот го изгледав, книгата не мис е верува да ја прочитам. Нема.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
„Политички теории - Антика“ од Светомир Шкариќ и Ѓорѓе Иванов.
Иако се дефинира како учебник за политички науки, јас повеќе би ја „сврстал“ како еден историски роман, бидејќи е напишана хронолошки следствено од личност до личност. После „Светот на Софија“ ова е второ дело кое топло го препорачувам да се прочита, го има во Табернакул иако со троа посолена цена.
*ееее Хорхе Хорхе.... што ти требаше да мешаш прсти со бандава криминална....
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
И Сликата на Доријан Греј и Гетсби ако не ми беа лектири на факултет, тешко дека некохаш ќе ги прочитав :))) Последно Ејми ја нема ја прочитав и ми се допадна, иако е малку запурничава. Филмот не го изгледав. А Мрачни места па обратно, филмот го изгледав, книгата не мис е верува да ја прочитам. Нема.
Мрачни места (книгата) мене мноооогу ми се допадна. Барав линк за филмот едно време, не можев да најдам. Сега кога најдов, се двоумам дали да гледам оти се си мислам ќе си го расипам впечатокот од книгата. Типката од трејлерот некако не ми е девојката како што ја замислував Либи.
Он топик: Вила од Нора Робертс. Искрено, некако не ми е по ќеф, шо знам |-(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Не го гледај штом си ја прочитал книгата. Секогаш книгите се поубави од филмот, не мора да го гледаш :)
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
"Ефи Брист" толку ми беше досадна, што после 2 недели едвај стигнав до пола. За џабе си го потрошив времето, ја баталив и сега земав да си ја читам "Во чест на Каталонија" на мојот ми Џорџ Орвел.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
„Лебарка“ од Рави Хаж (издание на Или-или)
Понесен од „Играта на ДеНиро“ го зедов и ова четиво да го ѕирнам. Како и во неговата претходна, така и во оваа Хаж опишува за подземниот живот на еден лик, пребегнат во земја која му нуди големи можности да успее, па сепак тој ги одбира најмрачните улички да достигне до оноа најмногу што го сака во моментот. Се` уште на почетокот сум, но ми се допаѓа неговиот мрачен стил.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ditto+Maker

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Љубов со мали букви, Франсеск Миралјес.
Интересна наративна форма и интересна увертира. Ми се допаѓа уфрлувањето на ,,кратко насочување" врз мали, навидум обични нешта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Achernar