Ја читнав третина "Најубавата жена во градот и други приказни" на Буковски, но поради ужасниот превод, ја баталив. Пред некој ден ја започнав Ефи Брист на Теодор Фонтејн, сега за сега ми е океј, лајт книгиче.
Мрачни места (книгата) мене мноооогу ми се допадна. Барав линк за филмот едно време, не можев да најдам. Сега кога најдов, се двоумам дали да гледам оти се си мислам ќе си го расипам впечатокот од книгата. Типката од трејлерот некако не ми е девојката како што ја замислував Либи.И Сликата на Доријан Греј и Гетсби ако не ми беа лектири на факултет, тешко дека некохаш ќе ги прочитав )) Последно Ејми ја нема ја прочитав и ми се допадна, иако е малку запурничава. Филмот не го изгледав. А Мрачни места па обратно, филмот го изгледав, книгата не мис е верува да ја прочитам. Нема.