Смртта демнеше од секаде, под различни маски. Човекот беше затекнат, не беше подготвен. Не беше подготвен како биолошки вид, не функционираше неговиот природен инструмент, кој е нагоден за да види, да слушне, да допре . Тука очите, ушите, прстите не помагаа, затоа што радијацијата не се гледа, нема мирис ни звук. Таа е бестелесна. Сиот живот војувавме или се подготвувавме за војна, но наеднаш лицето на непријателот се смени....