Епа јас им препорачувам пред да превртат очи да ги прочитаат ако не на англиски барем на македонски. Книгите се супер ги прочитав и на македонски и на англиски, ама оригинал си е оригинал, Преубаво напишано и неможеш да престанеш да читаш. Во филмовите е прикажан само дел од книгитеTwilight
И јас да земам залет во модерниот свет де...Си реков де баш, сакав да видам како ја замислила прикаската авторката пред да ја пренесат на филм...јас нели, вечен трагач по нешто неречено, нешто суштинско...
Како и да е, се заинатив, ќе ги прочитам сите...
Пред да превртите очи имајте предвид дека книгава е на англиски ( знам дека има мак. превод ама не е тоа, тоа...ко што спомнав некои други нешта ми се битни) ..и дека има па сигурно 700 страни
Повеќе пати имам напишано дека оваа книга ме изненади, но негативно. Значи на почетокот ветува многу со обилна содржина и многу убаво составени и склопени мисли но на крајот има раскажување на едноставен начин сепак употребувајќи убави мисли кои не се склопени како на почетокот. Не би сакал повторно да ја читам иако, како и од секоја книга, и од оваа извлеков некоја поука.Алехемичарот - Пауло Коелјо
Ништо посебно досега, ама ќе ја прочитам до крај.
Книгата е многу добра. Малку почетокот на книгата не ми се допадна некако ми беше малку досадна, но за таа цел средината и крајот се ептен добри. како и во другите дела така и овде, неизвесно е до самиот крај.Утринава ја зедов „Кој ќе го фати бранот“ од Агата Кристи (која што веќе ми станува доминантна во мојот список на книги и ме привлекува се повеќе да ја дооткријам нејзината маестралност во пишувањето дела)
Ја имате некој читано? Гледам скоро е донесена во нашава библиотека, во која за жал донесуваат нови наслови два пати годишно.