Мистерија во црквата Свети Димитрија - фреските „крварат“ и сами се чистат?!

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Јас вака би ви кажала тие што не сте припадници на оваа вера да се воздржите од коментари.Наше право си е да веруваме во што сакаме,а вие слободно отворете друга темата па коментирајте што сакате.А личноста што е зачленета денес-те молам,имаше право Јами,знам дека намерно заради мене и се гледа дека си веќе член од тука под друг ник(мислам пониско од ова неможеше да направиш некој подлец ќе да си). Сега би ве замолила да не валкате нешто што е свето за нас,МОЖЕ???
Тоа нема да е форум,тоа ќе е колумна,секој може да си се искаже,твое е дали ќе прифатиш
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,027
9,656
1,683
Normandy
Да не бидеме сеа да се мериме кој е поголем верник. Сепак темава е ставена во мистерии, така да мислам дека добро би било и оние кои се скептични да доведуваат свое логично размислување, без притоа да се навредува некој од вернициве. Но, запамтете: Истото важи и за верниците. Да не се навредува безпотребно.
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Прееска гледав на телевизија интервју со зографот кој ги правел фреските, само да откриеме една заблуда од кој еден член кажа на предходната страна демек луѓето после 12 часот ги чистеле фреските. Дека фреските неможе да се чистат со ништо зошто биле така прилепени за зидовите со нешто специјано не кажа име и ако се работи нешто на нив веднаш се оштетува и се одронуваат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Bum-Bum

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,027
9,656
1,683
Normandy
Прееска гледав на телевизија интервју со зографот кој ги правел фреските, само да откриеме една заблуда од кој еден член кажа на предходната страна демек луѓето после 12 часот ги чистеле фреските. Дека фреските неможе да се чистат со ништо зошто биле така прилепени за зидовите со нешто специјано не кажа име и ако се работи нешто на нив веднаш се оштетува и се одронуваат.
A си се запрашал за тоа дека полесно е да се поткупи еден зоограф отколку сурија експерти по конзерваторика?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and 048

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Конечно ја посетив пред некој саат, да видам за што станува збор. Мое мислење е следново: како што се забележува, пред се ореолите на светците се "прочистени" и исто така, останати делови (само оние) кои се позлатени, што мене ме наведува да мислам дека станува збор за хемиска реакција. На пример, оксидација. Кислородот доаѓа во допир со природна супстанца, елемент, и така доаѓа до реакција. Е сега, каква ќе биде таа реакција зависи од супстанцата со која кислородот ќе се спои, понекогаш доаѓа до потемнување, понекогаш осветлување. Плус, боите кои се користени содржат жолчка од јајце.
Исто така, оние делови кои добиле црвена боја, на златните прочистени ореоли, според мое мислење, се само разлеана боја бидејќи целиот фрескоживопис има црвен тоналитет. Или од бојата под златото.
 

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
Кажаа самите дека 20 свадби се напраиле во една година, немале профит. Мора внимание да се привлече некако, и оп чудо. Триесет илјади (така прочитав некаде или ми се причинило) луѓе во еден ден. Сеа тие демек имало чудо и ќе прават свадби, крштевки и ред други работи тамо. Ете го профитот.
Интересен коментар од твитер
Слушам ќе отворале перална Св. Димитрија - носиш теписон идур трепнеш се самоисчистил #чудо
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
A си се запрашал за тоа дека полесно е да се поткупи еден зоограф отколку сурија експерти по конзерваторика?
Господе боже... човекот имаше 80-90 години едвај зборуваше, ќе го поткопуваат, ако не веруваш- не верувај јас само пренесов информација=факт. А ти само си измислуваш некои твои фори, немора да ги убедуваш луѓето дали да веруваат или не, нивно си е како и тебе никој не те убедува. Факти, а не муабети на празно и воедно последен мој пост на темата макар и да ми реплицира некој.
Поздрав!