Мистерија во црквата Свети Димитрија - фреските „крварат“ и сами се чистат?!

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Чудо во црквата Свети Димитрија- фреските „крвават“ и сами се чистат

Несекојдневна појава или Божје чудо се случува со фрескоживописот во црквата Свети Димитрија во Скопје, кој се чисти сам од себе. За само неколку минути фреските и ореолите на светците и ангелите добиваат боја како да се сега сликани.
getImageThumbnail.axd
Со утринската литургија по повод Цветници чиноначалствувал отец Зоран, кој пред камерата на Канал 5 го опиша чудото.
Само уште во една црква во Русија, вели отец Зоран била евидентирана ваква појава. Во православната вера, вели тој, се случуваат чуда. Бог ни праќа порака дека треба повеќе да се вртиме кон духовното, а не кон материјалното.
За настанот бил информиран и поглаварот на Македонската православна црква- Охридска архиепископија господин господин Стефан. Засега се воздржа од коментар, но не го криеше изненадувањето од појавата.
И екипата на Канал 5 беше сведок на, ако може да се нарече така, појава на самочистење на фреските, кои за само неколку минути добиваа живи и прозрачни бои, а црвената како мали реки се протегаше по крилата и телата на фрескоживописаните ангели. Свештенството од црквата Свети Димитрија ова го толкува како влог од Бога во пресрет на велигденските празнувања.
Велат црквата долго време, цели три години не е посетувана од верниците поради градежните работи и задолжителното плаќање паркинг простор.
Деновиве ќе се контактира со надлежните институции по што ќе се излезе со поконкретна информација за оваа појава и со што би требало да се потврди верувањето на свештенството од храмот дека станува за едно верско чудо.
Мирјана Трпческа
Јас верувам дека е ова чудо..
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
ВЕСТИ НА КАНАЛ 5 22:50 ч ПРОДОЛЖУВААТ ЧУДАТА ПРЕД ОЧИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ!!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996