Лејди пробај па после кажи дали е можно или не,вака ништо не праиме само ќе бараме одговори кои ќе го задоволат егото.
Финтата не е нешто да разделиш како што наведе ти,напротив да хармонизираш се.
Тело,ум,дух и да се почуствуваш себеси како една целина која постои во моментот.
ох не, не барам јас одговори за задоволување на егото. Само барам јасни одговори.
Читајќи ја темава најдов само огромна конфузност.
За мене јогата е цела наука, наука која си има своја крајна цел - спознавање на вистината.
Но не личната вистина, туку онаа универзалната, апсолутната, целосната.
Спознавање на единственоста на универзумот, спознавање на начинот на кој универзумот функционира, спознавање на работите кои се надвор од моќта на нашите сетила.
Се почнува од себе, од спознавањето на себе, но тоа не е и крајната цел.
Би било и премногу „обично“ и „лесно“ кога би се завршувала приказната само со тоа - себедисциплинирање, себеконтролирање, смирување на умот, бришење на мислите...
Јас сум лаик за овие работи, затоа не се ни обидувам да изигрувам некој кој знае како е правилно,а кaко е погрешно.
Она што се обидувам е само да посочам дека не е во ред да се поедноставуваат работите до тој степен и на тој начин како што правиш ти.
Точно е дека немам апсолутно никакво искуство, никогаш не сум се обидела да го стекнам, од проста причина што сметам дека тоа е и премногу сериозна работа за да се впуштам туку-така, од чиста љубопитност.
А дека сум љубопитна, сум. И тоа многу.
Убедена сум дека тој што се зафаќа со проучување, практикување (или кој и да е правилниот збор кој тука би требало да се употреби), треба да е апсолутно свесен за сериозноста на сето тоа. Да е апсолутно подготвен за сите предизвици и сите промени и сите прашања,сите одговори, сите резултати... До овој момент, лично јас, не сум се почувствувала подготвена за такво нешто.
Во ред, нека е финтата да хармонизираш сѐ, а не да разделиш како што пишав јас. Ете, моја е грешката.
Сепак, не мислам дека е само тоа финтата - да постигнеш целина тело-ум-дух.
Од она што некогаш сум го читала, би рекла дека финтата е далеку поголема.
Финтата е да ја спознаеш вистината,да ги спознаеш законитостите и правилата на таа вистина, да можеш истите да ги „употребуваш“.
Реков раздвојување, во смисла на раздвојување на материјалното и опипливото од она што е нематеријално и неопипливо.
Раздвојување во смисла на јасно разграничување и јасно согледување, за да се дојде до она поинакво спојување, кога нематеријалното ќе успее до тој степен да го контролира материјалното, кога ќе се успее да се насочува енергијата таму каде што сакаш и таму каде што е потребно, кога ќе успееш да ја насочиш енергијата на пример да го контролира биењето на срцето, да успееш да го забрзаш, да го успориш, па дури и да го сопреш... Колку и да ми звучат вакви работи како неверојатни и невозможни, сепак не сум скептик за да ги отфрлам како погрешни.
Тематика е далеку посложена за да се рече дека јога е медитација или дека медитација е немислење или дека има 101 начин за да се медитира итн итн.
Дури и за лаик како мене, аполутно ми е неприфатливо дека може да се медитира додека се пегла, додека се мијат заби, додека се јаде, трча, тушира, пее, брои.....