1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Медитација

Дискусија во форумот 'Здравје и состојба на духот' започната од Lena, 23 март 2013.

  1. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Многу опширна тема
    но ќе се потрудам да го издвојам она најважното.


    Најновите истражувања покажуваат:
    медитацијата ги подобрува функциите на мозокот и ја активира здравствената
    " саморегулација" на телото.

    Што е медитација?

    Спојување на телото и духот и со тоа стварање на една целина.
    Момент во кој се исклучуваат сите мисли, сите активитети и делувања. Момент во кој само постоиме и сме она што сме.
    Медитација потекнува од истокот,многумина ја поврзуваат со будизмот и религијата и во превод од латински значи "лечење".
    Се почеста појава е и во западниот свет и во многуте клиники и ординации на познатите психолози и психијатри.
    Медитацијата е нешто сосем спротивно од размислувањето те би ја нарекла " бегство од мислите".
    Во моментите на "неправење ништо" мозокот е ставен на Off.
    Исклучен е.
    Звучи парадоксално, но сепак реално и можно.
    Во денешниот свет се почесто нашите мозоци се оптоварени со размислувања и непотребни мисли кои не оптоваруваат и ни го отежнуваат животот.
    Во овој случај би го опишала мозокот како автопат по кој постојано возат милиони коли и никогаш не доаѓа до застој.
    Сите тие непотребни мисли,
    влијаат на нашето здравје и допринесуваат до внатрешен стрес
    ( се почести се заболувањата од рак,
    психичките болести и депресиите како и заболувањата на нервниот систем).
    Медитацијата е состојба која ни овозможува пауза на мислите.
    Состојба која ги регенерира клетките на телото и со тоа ја подобрува нашата здраствена состојба( постои можност за отстранување на хронични болки)
    Состојба која ни овозможува свесно и чисто размислување.
    Состојба која ни го овозможува контактот со нашето јас или подсвеста која најчесто се појавува во кризни ситуации.

    Постојат повеќе видови на медитација:
    -Медитирање со седење
    -Одечка медитација
    -Медитација преку јога
    -Медитација со кажување на молитви или пак мантри
    -Медитација во лежечка состојба


    Би ме интересирал вашиот став и можеби искуство со медитацијата,
    како и позитивни или негативни искуства со истата.
     
    На Aristokrat, street_chic, malo и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Неам никакви искуства со медитација и не би сакал да имам. За мене отсекогаш биле и ќе бидат тотален апсурд.

    (не навредувам никого, само изнесувам став)
     
  3. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Ме интересира зошто мислиш така?
    Зошто нешто што представува природен лек за многу видови на болести го сметаш за апсурд?

    Пс: не навредуваш, туѓото мислење се акцептира како такво.
     
  4. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Затоа што се коси со мојата логика и не можам да најдам ниеден доказ за да се побијам и да почнам да верувам дека медитацијата всушност помага. Ете пред некој ден ти спомнав за мојата нога и дека морам да пијам 1200 мг. ибупрофен дневно за да не ме боли. Деновиве ја намалив дозата на 400 мг. дневно и не ме болеше се` дур не ја оптеретив т.е. прошетав некои 12 km. Има една појава кај телото, пример ако дур ме боли ногата си ја удрам многу силно раката болката во коленото ќе ја снема, но само привремено. Со медитација не сакам да пробам затоа што јас сакам да изнајдам начин како мозокот да ми работи уште побрзо и уште повеќе, да може да процесира по 3-4 задачи истовремено без проблем. Медитацијата ми е апсурд затоа што не може да не мислиш на ништо, дури кога сонуваш мислиш.
    Друго, може да знам како успеваш да се опуштиш? Како стигнуваш до тоа да ги отфрлиш сите мисли?
     
  5. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Со комплетна концентрација
    на тишината во мојата глава.
    Секоја мисла која ќе дојде ја пратам вез да реагирам на неа.
    Само ја регистрирам и ка пуштам да си оди.
    Се до моментот кога сите мисли постепено исчезнуваат, и не постои ништо друго освен
    здивот и јас.
    Тој момент знае да биде застрашувачки.
    На почетокот.Комплетна тишина во главата која е непозната и со тоа застрашувачка.
    Но кога ќе ја прифатиш како таква ја доживуваш како нешто фантастично.
    Имаш чувство дека си едно со целиот свет,
    те како да си влегол во некоја друга димензија.
    Имаш чувство дека нешто поголемо од тоа што си ти и твоите мисли раководи со тебе.


    А со тоа што си ја удараш раката кога те боли ногата само ја пренасочуваш болката на друго место на телото( моментално)
    и нема ништо од тоа.
    Тоа не е решение на проблемот на долги стази.
     
    На malo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Сакаш да ми кажеш дека медитацијата ти е уствари ко многу силен Expecto patronum, а мислите се дементорите? (онака визуелно замислено) Јас мислам дека никогаш никој не го постигнал тоа. Да не размислуваш е исто ко да не постоиш, едноставно не можеш да не правиш ништо. Не можеш да го одделиш тоа од мозокот, исто ко да пробуваш да ги разделиш времето и просторот.
     
  7. Podem

    Podem Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    360
    Допаѓања:
    355
    Универзалната движечка,сепостоечка сила е една.И е интерпретирана на различни начини,за едните е Бог,,за други космос, трети големиот дух или било кој приказ на божество/енергија. Преку медитацијата достигнуваат поврзување на телесната и душевната енергија луѓе што тоа го практикуваат години и години и ја имаат таа перцепција за виша сила што ја нуди тоа учење, истото поврзување го има еден муслиман кога клања намаз, или еден христијанин кога е во длабоки молитви. Не мора да значи дека медитацијата е начинот на поврзување со Бог,има и други начини само најбитно е човекот кој начин и која перцепција за виша сила ја има.
     
    На malo и Lena им се допаѓа ова.
  8. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    у
    Можно е Бобо.
    Сум успеала во тоа.
    На почетокот само за минута или две и со редовна медитација се подолго и подолго.
    Да, имаш некое чудно неописливо чувство.
    Дека си едно со се.
    Состојба на постоење едноставно го чувствуваш своето тело и си дел од него.
    Во нормалниот секојдневен живот, знаеме дека имаме тело но не го чувствуваме на тој начин како кога медитираме.
    И да баш така.
    Ги одделуваш мислите од мозокот,
    мозокот е ставен на Off.
     
    На malo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Podem

    Podem Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    360
    Допаѓања:
    355
    E,забораев и ова да го надополнам.Особено пали кај женските, што по некоја неразјаснета причина секогаш тие се шо имаат некое “чудно неописливо чуство“ се тие осеќаат енергии, чакри,сторенија итн.Особено полезно ако си главен мистик или фраер во друштво кој се прави дека ги познава овие работи.Чист пример, седиме во парк повеќе луѓе и меѓу тревата нормално и по некое камче се наоѓа. Низ рака го вртам, и ме прашува една што е, ја онака на шала и викам амалјија ми е ми носи среќа нон стоп,пуна енергија цути од неа.. и што да речам, чист пласибо ефект.Девојчево го зема камчето го врти низ раце и почнува да опишува разни трансови енергии чакри и што не осетила. Здраво за готово го прифати ова, и уште си го има камчето со неа, мислејќи дека носи среќа.И валјда и носи, пошто тоа ти е чист пласибо ефект.
     
    На JaMi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Сакаш да кажеш дека медитацијата е пласебо ефект?
    Не би рекла, затоа што веќе две години медитирама започнав во круговите на "Зен",
    кои ми го покажаа вистинскиот пат на една медитација.
    Тоа се искусни зен мајстори кои те упатуваат во сето тоа знаење.И сигурна сум дека не е некаков си пласебо ефект,
    а иначе твојата теорија за медитацијата ова со пласебо ефектот е чинам единствената во светот:)
     

Сподели: