А зошто ти пак мораш да ме цитираш?И кога ќе дојдеш во самади бидејќи ова со пеглањето е добар пат кон самади нели (се станало автоматски ти не се заморуваш дали пеглаш завеса или панталони), си паднала во длабока смиреност и ете те кај си ја запалила куќата, и себе си и децата во неа...
Лена, не за џабе викаат „седни во својата асана, замолчи и излези“!
Какво пеглање, какви њу ејџ трубења, какви хармонии со пеглата... аман значи
Дај правете како што е запишано да се прави ако толку сакате да правите. Што си измислувате новини кога ни старите работи не сте ги пробале постојано да ги изведувате и да видите дали се ок...
Ќе пеглала таа и ќе практикува пратјахара... што нема да прочита човек веќе по форумиве...
Размислувам поинаку и веќе зборевме на таа тема за медитација,ако се сеќаваш.
Зошто да правам што некој напишал и запишал и да се држам за некоја шема пропишана од Патанџали или што знам кој друг?
Што било запишано..
Многу од запишаното паѓа во вода,ако не го искусиш самиот.
Дали е тоа некое правило или закон?
Или секој си наоѓа индивидуален пат за остварување на истото?
Јас го направив второто.
Го земав тоа со пеглањето како пример и вие се фативте за тој пример како слепци за стап.
И нема никако да ме убедиш дека е поинаку.