Медитација

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ти благодарам за убавите зборови:)
Секој по своја Воља така беше нели?
Поздрав.
Уф, сарказам, I love it :)
Не знам како беше тоа со волјата, треба пракса за тоа, ќе седнеш ќе се запознаеш со философијата на телема и ќе научиш. Има книги на македонски, ги преведовме, а ги има и на англиски. ;)

Секој по својот пат(по волја или не), а Волја не знам зошто ти е со голема буква во средина на реченица. Сигурно и тоа има некое мистично значење :)

Ако правилно не се изведуваат праксите (или ако се забегува како се е медитација, како едноста е соединување на тело, дух, ум и слични романтични сказни), слабо ќе се работи по своја волја, бдејќи умот прегрева со такви сказни.
Без јога и магика секојдневно - се е оставено на веројатноста и збудалениот ум на човекот. А волјата не си игра со веројатности. Тоа е поеќе дело на желбите.
А јога рековме што значи и од колку гранки е изградена!
И не се е медитација. Тоа е лага на продавачите на магла.

Затоа и запнав да пишувам тука за јога, да направите некое разграничување на поимите кои постојано се мешаат и ќе се мешаат читајќи по форумите.

93 93/93 :)
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Уф, сарказам, I love it :)
Не знам како беше тоа со волјата, треба пракса за тоа, ќе седнеш ќе се запознаеш со философијата на телема и ќе научиш. Има книги на македонски, ги преведовме, а ги има и на англиски. ;)

Секој по својот пат(по волја или не), а Волја не знам зошто ти е со голема буква во средина на реченица. Сигурно и тоа има некое мистично значење :)

Ако правилно не се изведуваат праксите (или ако се забегува како се е медитација, како едноста е соединување на тело, дух, ум и слични романтични сказни), слабо ќе се работи по своја волја, бдејќи умот прегрева со такви сказни.
Без јога и магика секојдневно - се е оставено на веројатноста и збудалениот ум на човекот. А волјата не си игра со веројатности. Тоа е поеќе дело на желбите.
А јога рековме што значи и од колку гранки е изградена!
И не се е медитација. Тоа е лага на продавачите на магла.

Затоа и запнав да пишувам тука за јога, да направите некое разграничување на поимите кои постојано се мешаат и ќе се мешаат читајќи по форумите.

93 93/93 :)
Не почнувај повторно
7 ;)
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Не почнувај повторно
7 ;)

Не сме ни завршиле. ТИ си сеуште со идеја дека пеглајќи се медитира, дека има 101 начин на медитација (подобро би рекол дека има 1000000 различни пракси за дарана од кои се избира една и се оди до крај со нејзе додека не се дјде до дијана,отколку ова твоето) и дека јогата е медитација. Иако рековме дека дијана е медитација, продолжена концентрација или дарана :)

Јога значи единство.

Еве што се имам на блогот за јога. Клик тука.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Хептаграм
епа ете тука сме;)

" Иако рековме дека дијана е медитација, продолжена концентрација или дараната"

Што значи?

Што значи Јога не е медитација. :)
Концентрација не е медитација. Во тоа „продолжена“ се крие искуство што не би требало да ти дозволи да кажеш како и пеглањето е медитација или води кон медитација бидејќи како што дарана е врзана тесна со дијана, така и пратјахара и дарана се врзани, или пранајама и асана кои се врзани како синџир се до дијана, па и самади. :)

Не може без добро испраксирана асана да се зборува за пратјахара не пак за дарана или дијана!
Едноставно не може. Правите да се првите гранки излишни, а не се.

Значи, научи го јазикот на јогините за да не го врзуваш со западњачкото дрдорење цели книгишта од по 500 страни :)
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Лејди пробај па после кажи дали е можно или не,вака ништо не праиме само ќе бараме одговори кои ќе го задоволат егото.
Финтата не е нешто да разделиш како што наведе ти,напротив да хармонизираш се.
Тело,ум,дух и да се почуствуваш себеси како една целина која постои во моментот.

ох не, не барам јас одговори за задоволување на егото. Само барам јасни одговори.

Читајќи ја темава најдов само огромна конфузност.

За мене јогата е цела наука, наука која си има своја крајна цел - спознавање на вистината.
Но не личната вистина, туку онаа универзалната, апсолутната, целосната.
Спознавање на единственоста на универзумот, спознавање на начинот на кој универзумот функционира, спознавање на работите кои се надвор од моќта на нашите сетила.
Се почнува од себе, од спознавањето на себе, но тоа не е и крајната цел.
Би било и премногу „обично“ и „лесно“ кога би се завршувала приказната само со тоа - себедисциплинирање, себеконтролирање, смирување на умот, бришење на мислите...

Јас сум лаик за овие работи, затоа не се ни обидувам да изигрувам некој кој знае како е правилно,а кaко е погрешно.
Она што се обидувам е само да посочам дека не е во ред да се поедноставуваат работите до тој степен и на тој начин како што правиш ти.

Точно е дека немам апсолутно никакво искуство, никогаш не сум се обидела да го стекнам, од проста причина што сметам дека тоа е и премногу сериозна работа за да се впуштам туку-така, од чиста љубопитност.
А дека сум љубопитна, сум. И тоа многу.

Убедена сум дека тој што се зафаќа со проучување, практикување (или кој и да е правилниот збор кој тука би требало да се употреби), треба да е апсолутно свесен за сериозноста на сето тоа. Да е апсолутно подготвен за сите предизвици и сите промени и сите прашања,сите одговори, сите резултати... До овој момент, лично јас, не сум се почувствувала подготвена за такво нешто.

Во ред, нека е финтата да хармонизираш сѐ, а не да разделиш како што пишав јас. Ете, моја е грешката.
Сепак, не мислам дека е само тоа финтата - да постигнеш целина тело-ум-дух.
Од она што некогаш сум го читала, би рекла дека финтата е далеку поголема.
Финтата е да ја спознаеш вистината,да ги спознаеш законитостите и правилата на таа вистина, да можеш истите да ги „употребуваш“.
Реков раздвојување, во смисла на раздвојување на материјалното и опипливото од она што е нематеријално и неопипливо.
Раздвојување во смисла на јасно разграничување и јасно согледување, за да се дојде до она поинакво спојување, кога нематеријалното ќе успее до тој степен да го контролира материјалното, кога ќе се успее да се насочува енергијата таму каде што сакаш и таму каде што е потребно, кога ќе успееш да ја насочиш енергијата на пример да го контролира биењето на срцето, да успееш да го забрзаш, да го успориш, па дури и да го сопреш... Колку и да ми звучат вакви работи како неверојатни и невозможни, сепак не сум скептик за да ги отфрлам како погрешни.

Тематика е далеку посложена за да се рече дека јога е медитација или дека медитација е немислење или дека има 101 начин за да се медитира итн итн.
Дури и за лаик како мене, аполутно ми е неприфатливо дека може да се медитира додека се пегла, додека се мијат заби, додека се јаде, трча, тушира, пее, брои.....
 

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Често практикувам Зазен медитација која бара целосна посветеност на правилниот начин на седење и целосна концентрација на дишењето. Велат дека со Зазен не се постигнува ништо посебно освен придобивање од помош да се прифати тоа што иде следно, било да е добро или зло, да се соочат предизвиците понатаму во животот и стравовите. Има неколку седечки положби и се практикува универзалната положба на двете раце која е во вид на некоја мудра.

zazen_postures.jpg

images

Зазен медитацијата нема за цел да го доведе умот во алфа бранова фрекфенција или да кокреира светови и слично. Мене лично ми помага да се одморам од животот и да се балансирам покрај сите напорни тренинзи и приватни потешкотии кој ги имам. Почнав да медитирам по 5 минути дневно, па по 10, па сега се здобив со концентрација да медитирам и по 45 минути. Секој си има свој ставови за медитацијата, ама јас стварно не гледам некоја причина на оваква тема да се натпреваруваме во знаења за истата, туку гледам поле за мирољубива дискусија. Медитацијата е моќна. Медитацијата е конекција и фокус. Секој си има свој начин на медитација, освен ако не прифатил некој универзален. Некој медитира со броење ( силва метод ). Целта на медитацијата сметам дека е поврзувањето со космичката енергија или Создателот. Но и да научиме да медитираме во секоја ситуација, да го хармонизираме духот.

Еднаш во Радовиш на една транс журка, подалеку од журката секако, отидов во природа да медитирам и пред очите ми се појави една билка... ја гледав со затворени очи, а потоа кога ги отворив видов иста билка, која предходно не ја бев приметил, така се уверив целосно во моќта на медитацијата.
Медитацијата помага за отварање чакри, во едно помага и во приземјување на човековото битие кое не ретко знае да летне во воздух. Подредување на елементите во нас помага и за психички и физички развој. И мене лично ми се измешани некој работи околу ова, но се трудам да ги разјаснам во себе. И да го доведам хаосот во ред. Иако редот повторно ќе тече во свој организиран хаос.

images
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Oчекувам и Lena да напиши километарски пост тука со новата пегла медитација.


adfac9848c16252dbae392a475cd7df8_84150_fp.jpg



Lena,знаеш ли што се овие?

IMG_2229.JPG


Буда-пеглички. Направени од тежок материјал, горе се става жар. Со него се пеглала облеката.
Aj опиши го пак процесот како поврза медитација,буда,јуда,јога,бога и пеглање?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Oчекувам и Lena да напиши километарски пост тука со новата пегла медитација.


adfac9848c16252dbae392a475cd7df8_84150_fp.jpg



Lena,знаеш ли што се овие?

IMG_2229.JPG


Буда-пеглички. Направени од тежок материјал, горе се става жар. Со него се пеглала облеката.
Aj опиши го пак процесот како поврза медитација,буда,јуда,јога,бога и пеглање?
Во постот кој го напишав,напишав дека секоја физичка активност може да не доведе до медитативна состојба.
Така.
Асана во превод држење на телото е спротивно на физичка активност.
Е сега.
Асана е држење на телото.Но не и какво држење на телото.
Има шеми кои ни покажуваат како треба да биде.
Но и немора да биде така како некој ни покажал.
Примерот со пеглање.
Со пеглањето извршуваш една физичка активност.
Додека го правиш истото се концентрираш на рацете,на нозете,на себе.
Значи веќе си поминал некои од нивоата како
Asana,pranayama(дишење),Dharana концентрација.
Веќе си дошол(способен си да го постигнеш)до нивото на Dhyana.
И за да ја направиш Dhyana не е потребно да мора да седнеш.
Ти си веќе автоматски на тоа ниво дојден.
Затоа што
духот,телото и умот се хармонирани и со тоа подготвени за следното ниво и шалтаат сами на следното без да сакаш и бараш.
И сега објасни ми зошто не би била можна медитација/медитативна состојба за време на физичка активност?

Пс.Пегличкиве се убави за цвеќе да си посадам во нив,ептен ме бендисуваат ;)
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

И кога ќе дојдеш во самади бидејќи ова со пеглањето е добар пат кон самади нели (се станало автоматски ти не се заморуваш дали пеглаш завеса или панталони), си паднала во длабока смиреност и ете те кај си ја запалила куќата, и себе си и децата во неа...
Лена, не за џабе викаат „седни во својата асана, замолчи и излези“! :)

Какво пеглање, какви њу ејџ трубења, какви хармонии со пеглата... аман значи :)
Дај правете како што е запишано да се прави ако толку сакате да правите. Што си измислувате новини кога ни старите работи не сте ги пробале постојано да ги изведувате и да видите дали се ок...

Ќе пеглала таа и ќе практикува пратјахара... што нема да прочита човек веќе по форумиве... :frantic