Медитација

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Тоа беше и е пример.
Можеш да медитираш кога сакаш ако си доволно упатен во истото.
Но очигледно дека се потпираш на некои научени теории па го повторуваш овде наученото.

Ама нигде не се потпирам на научни теории туку го негирам твоето погрешно сфаќање. Твоето медитирање додека пеглаш е исто како да тврдиш дека можеш да имаш сексуален однос без партнер. Тогаш си блиску до сексуалност, но се вика мастурбација а не сексуален однос. Така и ти со пеглата твоја.
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата

Смешен ми постануваш.
Навистина почнувам да верувам дека не ја сфаќаш смислата на медитацијата,иако почна добро во погорните постови.
А тоа што го кажуваш со сексуалниот однос е апсурдно.
И со и без партнер доживуваш оргазам или не?
А што е целта на самозадоволувањето и сексот со партнер ако не оргазмот?
Исто и со медитацијата.
Со текот на времето секој сам си наоѓа индивидуално што е најдобро за него и каква медитација ќе практицира.
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Лена, искрено ти си посмешна (wasntme) Насекаде те има со нешто нафрлено или противење на нечие размислување по темите :)

1044083_685105294839071_561994876_n.jpg

Медитација е медитација, пеглање е пеглање, водење љубов е водење љубов.
Не знам кој ве учи на вакви работи и кои автори ги читате од Истокот, да мешате сешто. Како не ве боли глава од вакви размисли - не знам.

Без асана и пратјахара - нема медитација. Без Јама и Нијама, нема ни асана. Асана е положба. Мора да се биде мирен. СО пеглање, не си мирен. :)

Научете што е што еднаш засекогаш.
Некои дури мислат дека МЕДИТАЦИЈА = ЈОГА! Тоа НИКАКО НЕ Е ТОЧНО! Медитација е мала гранка од јогата.

Можете од 1 до 100 да зборувате како додека гледате во ТВ медитирате, но не е точно тоа. Се лажете и себе си, а се обидувате таа лага од вашиот мрзлив ум да ја продадете на други.
Не така.

Учете ги источните школи, не некои мрсни западњаци што рекле за јогата! Американците немаат врска со јогата!
 
И тебе те има секаде по темите со цитати од Краули па што?
Освен тоа ако добро прочиташ тој даде апсурден пример со водење љубов.
Што е најважното во една медитација?
Што е јога?
Што е вниманието?
Што е седечка медитација(лотус)?
Што е медитација за време на движење?
Што е bodyscan?

Несакам да цитираш што кажал некој туку кажи ми од лично искуство.

Пс.Коментирам на теми на кои имам интереси и мое е дали ќе имам исто мислење со некој или не.
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
И тебе те има секаде по темите со цитати од Краули па што?
Освен тоа ако добро прочиташ тој даде апсурден пример со водење љубов.
Што е најважното во една медитација?
Што е јога?
Што е вниманието?
Што е седечка медитација(лотус)?
Што е медитација за време на движење?
Што е bodyscan?

Несакам да цитираш што кажал некој туку кажи ми од лично искуство.

Пс.Коментирам на теми на кои имам интереси и мое е дали ќе имам исто мислење со некој или не.
Кој те прашува тебе ти што сакаш?

КРОУЛИ - кој ве учи да велите Краули? :D
И ти даде лош пример и ајде сега тепајте се :)
Не е проблем различното мислење туку постојаното напаѓање со тој што немаш исто мислење.

И јас давам цитати, кои не се само на Кроули, на темата и го делам мислењето во врска со темата.
Јас давам линкови до инфо - како правеле и прават другите!
И давам имиња на автори што да читате.

Кај научи ти дека пеглањето оди со медитација?
Кои автори ми те научија на тоа? Сама ти, со секојдневна пракса од по 2 часа научи дека медитација оди и со пеглање и со доење деца? :giggle

Што е филмот со прашањата што сите сте научени да ги поставувате а никој не дава одговор?
Даваш прашање и што? Да сметам дека ги знаеш одговорите?

ЈОГА ЗНАЧИ ЕДИНСТВО!
Седечка и стоечка медитација - се асани.
Bodyscan? Сигурно е многу поврзано со јогата и медитацијата како гранка од раџа јога :)

Што е пингала? Шушумна? Нади? :)

Тоа што го има во текстот на мојот блог - тоа го работам јас и во пракса. А ти ако мислиш дека со пеглање се медитира - нека ти биде така. :)
Само не вели како некој е смешен со неговите изјави кога ти имаш вакви размисли.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem

Знаеш во што е проблемот?
Нешто сте научиле и како сивоњи го терате тоа па тоа.
Како коњи кои имаат заштита од страната на очите па гледаат само право:)(ова е само пример а не и лична навреда)
Медитација не е ништо друго освен
НЕ-МИСЛЕЊЕ.
Исклучување на тие од прилика 60 000 мисли кои дневно ни поминуваат низ глава.
Свеста комплетно го обзема/контолира умот.
Медитацијата ако си малку подобро запознат може да трае 24 саати.
Ако си во состојба да се исклучиш.
Јога е концентрација на нештото,исто како и се останато што наведов горе.

Не напаѓам јас никого само си го кажувам мислењето,а кој како си сфаќа тоа си е негов проблем:)
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Оки, јас малку да се замешам, чисто од љубопитност, а и не ми се спие :)
Мене умот ми работи турбо и просто ми е неверојатна само помислата дека постои начин сето тоа да се исклучи и сите тие „гласови„ да замолчат бар на секунда.
Секоја чест на тие што успеваат да го постигнат тоа.
Се обидувам да најдам логика во објаснувањата на Lena ама некако не ми оди.
Оти колку и да си способен да го исклучиш мозокот додека праиш нешто (пр. пеглаш или некаде погоре милам прочитав -додека миеш заби итн итн) самото тоа што некој дел од телото нешто работи( движиш рака напред назад држејки јапеглата и притоа колку-толку внимаваш како е наместена кошилата врз даската, оти ако се измести, несакајќи наместо да ја испеглаш ќе ја истуткаш) , значи дека мозокот и не е баш исклучен?
М? :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and slb_bobo

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ах Богови Богови :)
Знаеш во што е проблемот?
Што ти немаш ниту едно дело прочитано од источните јогини, а не осуди сите како практикуваме погрешни пракси или како сме се фатиле само за едно. Е ај да трчам по се што ќе ми текне бидејќи не можам да се снајдам со започнатото. Така ништо не правиме, барем не со јогата!

Па тоа е тоа: си ги научил праксите и ги доведуваш во совршенство и нив а со тоа и самиот себе. Менувањето пракси значи дека не може да истраеш и си бараш лек и оправдување да ги менуваш!

Дарана е контрола на мислата - концентрација, не јогата. Дијана како гранка на јогата значи медитација.
Јога значи единство и ги содржи јама, нијама, асана, пранајама, пратјахара, дарана, дијана и самади во едно! Осумте гранки на јогата.

Без совладани претходните гранки - не може да се зборува за концентрација и медитирање. Се е само фантазирање. Не ми верувај мене, пробај да седиш 30 мин во една положба без да мрднеш мускул во некоја од асаните, да дишиш 15 секунди вдишување, 5 задржување и 15 издишување со 5 задржување, држи го умот фиксиран на една работа без да ти доаѓаат други мисли и ќе видиш што ќе ти се случи и со телото и со мислите и дали ќе издржиш и 2 мин и 15 сек.
Потоа ќе збориме за јога и дали може да се медитира како што велиш ти или не може.

Убаво е што си кажуваш мислење, но нема врска со јогата на истокот. Ова што ти го зборуваш се њу ејџ западњачки идеи што е јогата и како. Се да е полесно избегнувајќи ги намерните тешкотии за да се добие резултат. Умот секако прави трикови, ако му помагате во идејата да избегне работа, сте се зезнале. :)

Еве што сум рекол на еден друг форум:

Што сакал да каже Патанџали со „This is the beginning of instruction in yoga.“? Па јога значи соединување :) Соединување на што?
Исто Патанџали вели: Yoga is the control of thought-waves in the mind. Ова е дијана, седмата гранка од неговата јога.

Умот е препрека кон спознанието. Умртвување на умот, не значи соединување со божественото.
Постојат осум гранки јогата на Патанџали и тоа:
Јама, нијама, асана, пранајама, пратјахара, дхарана, дијана и самади. Целата јога Патанџали ја објаснува преку дијана (што го покажува неговиот ранг на јогин) но всушност убаво мајсторски преку тоа ги кажува другите пракси за да се дојде до тоа.
Каде е дхарана, каде е пратјахара, пранајама, асана итн итн и нивните пракси? Јога значи соединување.
Само медитација и забегување на умот без поминатите пракси за другите гранки од јогата, не е доволно за соединување! Зарем така се уништува фантазирањето на умот?
Не мислам така....

Значи, ова е почетокот на инструкција во соединување. (како предавање во кама-сутра) :)
Yoga is the control of thought-waves in the mind.
И со ова ни кажува за почетникот ова е целта, но тоа не значи да скокнеш на дијана и да не ги поминеш претходните 6 гранки и нивните пракси и искушенија.

Се надевам дека ти е ок ова за Патанџали и јогата, бидејќи многумина мислат дека јогата е МЕДИТАЦИЈА! Не е бесцелно поделена на 8 или пак 16 гранки јогата. Чекор по чекор. Вие веднаш на Самади одите...
Средете ја ahamkara со првите 6 гранки од јогата, инаку паднавте во Бездната! :)

Ете така...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
lady_blue
сето тоа е можно ако се концентрираш комплетно на работата која ја работиш без притоа да размислуваш.
Се концентрираш на дишењето.
Вдишуваш длабоко издишуваш и на издишувањето броиш.
Вдишуваш-издишуваш-броиш и така до 10.
И повторно така.
Како што веќе реков медитација не е ништо друго освен НЕ-МИСЛЕЊЕ.
Во тој случај ти би го тренирала духот да се концентрира.
Да не дозволуваш мислите да го прават својот филм туку внимаваш на подвизите на телото,на дишењето и слично.

Хептаграм
Медитирам во круговите на Зен(значи луѓе обучени на истокот) и како што веќе напоменав
горе мајсторот ја објасни медитацијата со едноставни зборови,а тоа е врзување на духот.
Јогата е концентрација/ментална дисциплина да речеме на една мисла која свесно(ама свесно ја доживуваме)
нели има мисли за кои не сме ни свесни дека минуваат низ главата.
Медитацијата е состојба во која се доживуваме самите себе и ги исклучуваме сите мисли(воедно и концентрацијата).
Тоа не е поим кој може да се дефинира туку е нешто што треба да се доживее.
И двете имаат цел да се зацврсти менталната состојба на човекот воедно и свеста на истиот.
Она што го напиша ти горе е ок,немам што да надополнам.
Се работи за индивидуалното доживување на истата.
Медитацијата е можна во секое време.