Личен дневник

Lele-

Староседелец
20 октомври 2012
2,296
2,383
1,153
Skopje
Доста тежок удар ми даде животот, ме сопна, ме бутна и ме скрши на милион парчиња. Пробав некако да станам да ги соберам но скршеното остана скршено, никогаш нема да биде едно цело, секогаш ќе фали.
Некогаш си мислам дека ова е само еден лош сон, од кој сакам да се разбудам но не можам. Сакам да избегам и од спомените но повторно не можам, не сакам да ги заборавам, но тие последните сакам да ги избришам, да останат само убавите, тоа го заслужува..
 

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Во овој период од годината се наоѓам на раскрсница. Веќе не зависи од мене по кој пат ќе продолжам во иднина, јас го одбрав патот и ги направив работите кои зависеа од мене. На тоа што не зависи од мене, за жал не можам да имам влијание.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,841
1,153
Под небото сечие нека недостасува некаде некому некој друг, некоја друга, сѐ нека биде туѓо и завршено во мене, а подарено од срцево, толку многу, поинаку и поубаво таму кај што нема да постојам повеќе јас. Здравица за сите спомени и чекори кои мораат да се изодат на патот што љубов се нарекува и се дрочи во гроздот вино пак за нас, што ќе нѝ ведри очи
и брекне жили, во пресрет на ѕвездата што паѓа, за едно ново раѓање.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,524
1,183
Big Sur
Интересно е кога ќе се сретнеш со драги луѓе после некое време. Истите сте, ама пак е нешто потсменето, пак има нешто ново за споделување, а паралелно па се враќаш во еден друг дел од животот, малце подзаборавен, па ти текнуваат најрандом работи што чиниш се случиле во друг живот, а не пред неколку години, па се сеќаваш кој и каков си бил тогаш. Живот. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonka and Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,841
1,153
Пријателите се бесценети кога се вистински и искрени, кога со тебе тагуваат и се радуваат како за себе, за жал се помалку се, но ако човек има среќа и еден е повеќе од доволен, множината секогаш е квантитативна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, Lele- and Danny S

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,524
1,183
Big Sur
Постојано се премислувам за одредени работи.
Пробувам да балансирам, па се префрлам целосно на едната, па целосно на другата страна.
И никако да фатам средина. Ама може па и не треба средина. Може конечно треба да се решам за еден пат и да терам, па што биде, нека биде.
Којзнае. Јас сигурно не. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Хелоу дневник.
Доста време помина, многу нешта се случија. Се променив, си го средив животов. Добро сум.
Среќна?
Чинам да. Ги уживам малите навидум невидливи,неважни моменти. Среќна сум кога не сум во потрага по среќата. Кога заборавам на сите желби и сите зацртани цели и кога само постојам во моментот. Кога се губам во убавината на јапонските цреши кои цветаат во ова доба на годината. Ги обожавам. Неможам да им се негледам.
Кога го пијам утринското еспресо или кога уживам на сонцето кое продира низ прљавите прозори во биро.
Среќна сум кога поминувам време со малиот или кога тренирам, кога работам на себе.
Среќна сум кога се смеам на сопствените вицови или глупости. Да, среќна сум, кога не ја дефинирам среќата. Кога не ја барам наоколу..кога живеам, без многу да размислувам. Кога се гледам во огледало и си се смешкам задоволно,онака без причина.
Одам. До некогаш наскоро.
 
Последна промена:

kockakockica@

Староседелец
30 мај 2022
157
63
1,038
Личен дневник....хаххахахаааа...од личен поличен, ама ајде да откуцам нешто, да тргнам мисли од секојдневни срања...
Уваво е вака кога ке дојдеш, жив човек нема...па си се протегнеш, олабавиш мозок, нема кој да ти обесува, кој да те нервира....;)

Дојдов да ги полеам малку моите заборавени корени што ги посадив овде пред неколку години....интересно е пак да си дојдеш и да одмориш во тишина.
Само да не ми дојде оној досадниот ОУТРИДЕР :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

сираче

Полноправен Член
29 мај 2025
43
11
8
Хеј (wave)

Да покажуваше typing на форумов, кај мене ќе беше заглавено едно пола саат. Сум заборавила да пишувам. Дневникот некаде фаќа прашина, немав време некако, па те најдов тебе и си викам фер замена. Побрзо ми оди куцање од пишување.

Инаку тапа период.
Ги чекам резултатите од испитувањата, работа-дома, дома-работа. Некои ликови ми креваат притисок по 3 пати на ден, па други невини души ми ги трпат фрустрациите. Неубаво знам, многу сум напната во последно време. Епа од денеска ќе трпиш ти :giggle

Одам сега брзински под туш, па ме чекаат последните неколку страници од книгата пред да заспијам.

Добра ноќ, Бади (star)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kockakockica@

сираче

Полноправен Член
29 мај 2025
43
11
8
Погоди кој е ненаспан?
It's me, hi.

Секогаш велам дека ќе се изнаспијам во недела. И да, доаѓа недела и јас сум со отворени очи уште во 7.
Па ете ме сега со кафето пред лап топ, правам план за нареднава седмица, последна пред одмор и нормално дека мора да натрупам обврски за секој ден ко последно да ми е. :rolleyes:

Денеска на ту ду листа немам многу, 'cause Sunday.
-Кино со Марија
-Да тркнам по книга, денеска е работен ден тука.
-Да го средам станов, пола од работите не можам да си ги најдам, јер седмицава беше chaotic.
-Да наполнам када и да искулирам еден саат, правејќи и мислејќи ништо.

Инаку, многу сакам кога е тивко надвор. Сите спијат, па можам да отворам прозорец, да дувка ветре и да не слушам бучава од автомобили надвор и звукот додека е рампата за воз спуштена. Еј тоа титкање мозокот ми го масира, жими се!!
Да можам една работа да сменам, тоа би била.