Личен дневник

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Долго се обидувам да те заборавам, да не размислувам за тебе, да не прашувам каде си, што правиш и како си.
А се сеќавам на тебе во секој момент на слабост, кога ќе сфатам дека не можам понатаму.
Никој не ме разбира.
Не можам да ти се јавам, а сакам да зборуваме.
Замина и го остави само недостигот.
Толку е тивка оваа ноќ што се слушам себе си како врескам одвнатре..
Кажи ми дали и ти размислуваш за мене секоја ноќ пред спиење?
Дали и тебе погледот ти лута некаде во далечината кога си опкружен со луѓе?
Дали ти текнува на мене кога ќе ги отвориш очите наутро?
Дали и ти чекаш порака?
 

близнак

Староседелец
21 јуни 2012
169
306
1,063
Влегов клизачи во монолозиве на @Lady* само да ве поздравам (wave)
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
Денес го вметнав и последното парче од сложувалката ... многу пати ја склопував и расклопував, но никогаш не испадна целосна и комплетна сликата ... совршена ... како што сакав да биде.
Денес, го вметнав последното парче од сложувалката, и никогаш повеќе нема да ја расклопам, ќе ја урамам како слика на ѕид, да ме потсетува на сите убави спомени, а оние лошите, ќе ги заборавам, како никогаш ништо да не било.

Знаеш ... кога те запознав првпат, едно априлско утро пред 2 години, некој да ми кажеше дека ќе стигнеме до овде каде што стигнавме, ќе му се изнасмеев во фаца и ќе му кажев - па ти не си нормален.
Но, денес e се' поинаку.
Од едно случајно обично познанство, прерасна во најдлабоко и најдобро пријателство досега што сум го имала.
Само ти ме имаш видено која сум јас навистина, само со тебе сум била онаа вистинската јас, без маска на себе.

Ти благодарам за тоа што ме промени и ме направи многу поцврста личност од што бев, ти благодарам за се' што направи за мене, а направи премногу, како никој досега.
Едноставно благодарам за се', и среќна сум што постоиш во мојот живот ... my best friend :)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Се затворам во многу чуден агол од мозокот. Никогаш не бил посвесен, а поглуп.
Се дружам со сурово реални луѓе. Нивните зборови челичат и учат на спремност за секакви сценарија, ама болат до гола коска... ама челичат.
Предолго време имам живеено во свој свет, па овој ми е пречуден. Превртен. Некако незаштитен. Лош.
Од сите, најпоразителен е стравот дека не си или нема да си доволно добар.
Кога сработувам нешто, сработувам со намера да нема простор за конкуренција, макар притоа направила и пустош што ќе ме повлече на заминување. Прилично ретко работам со срце пошто не се откривам ни себе пред себе, а и тоа што го сработам така, не го споделувам. Себично го чувам со страв да не ме издаде дека сум уште само дете во душа. А, детето треба да се штити. Молчам пошто поинаку и не знам да се справам со светов и луѓето во него.
Имам јазли во желудник и празнини во мислите. Ги забележувам скршениците на скалите и жолтината на листовите сред лето.
Ако вака се гледа со очите на возрасните, вадете ми ги. Одвратни се.
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Види вака.
Седам на балкон, се мислам дали да палам цигара. И така од никаде, излегува едно детенце. Многупати го гледам само, со стапче или топка во рака. Си оди ваму - таму, се шета и потскокнува. Чиниш светот негов е. Е јас да бев дете ќе бев како него.
Треба прво да научиш да бидеш задоволен со тоа што си, таков каков што си. Со сите маани и навики.
На крај, секогаш сите остануваме сами.
Некои порано, некои подоцна.
 

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
Денес влегов во "твои патики" ... нешто што оддамна ме праша, дали можам да влезам во "твои патики" ... не, неможев никогаш потполно, но денес, е се' поинаку, денес зачекорив во "твои патики" ... те разбрав потполно.

Само остани ... знаеш точно во која смисла го велам тоа остани, се ќе е ок.

 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Душава и очиве ми собрале толку тага што кога би напишала приказна не би имал храброст да ја прочиташ.
Уби дел од мене за ти да живееш.
Живеам на пауза.
Живеам чекајќи.
Живеам во совршена хармонична монотонија.
Моите сеќавања те сакаат, сеуште прашуваат за тебе.
Обиди се да засакаш и уништи ја потребата од игри.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Priroden

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
Очигледно не сфаќаш што ми правиш?
Или поточно кажано, многу добро сфаќаш, и тоа го правиш намерно.
Али ако продолжиш со тоа твое понашање, ќе ме натераш да го прекршам ветувањето што ти го дадов, дека секогаш и покрај се' ќе бидам тука за тебе во животот.
Неможам веќе да ја поднесам психичката тортура што ми ја правиш, и тие психички удари што ми ги задаваш ... колку и да трпам, и да давам се' од себе ... еден ден ќе пукнам, се' си има граница.
Дури и мојата преголема толеранција си има граници.
Да во право си, можда сум мазохист, тоест не можда, туку сигурно, штом сето ова сеуште го трпам, друг човек да беше, оддамна ќе си заминеше.
Ама штом си решил намерно да си го уништиш животот ... твој избор, немам веќе сила да те разубедувам, ме исцеди психички тотално, а и секако неможам ништо да променам, кога веќе ти си го направил твојот (погрешен) избор.
Искрено, ти завидувам на индиферентноста ... а мислев нема поладнокрвен лик од мене, ама ти, ти си забегал тотално.
Што и да кажам веќе е џабе ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Priroden

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
Ретроспектива од вчера до денес (:| :| :) :eek :giggle :D :rofl ... :svirka

Убаво е чувството кога од пепел, ќе вивнеш високо, и работите си доаѓаат точно на свое место :cool:

 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Заборавив како е да се пишува дневник, а замисли другар, пишував од девет години до пред некој месец. Пред да се оженам секој ден, од кога станав татко поретко, поради обврски, но кога ќе седнев запишував сѐ, ако не се сеќавам од збор до збор на настаните, ги дополнував со свои размислувања. Сега не сум седнал да напишам ни една страна. Дури немам веќе ни тетратка за дневник, а порано знаев да потрошам пари што ги немав за дневникот да ја има најубавата тетратка. Оставав наследство. Децата да ми знаат, што и како правел нивниот татко... за лекциите што ќе ми биде срам да им ги раскажам, да ги прочитаат.
Деновиве размислував зошто веќе не пишувам. Мислам дека го најдов одговорот. Се срамам да пишувам. Што ќе им покажам на наследниците мои? Дека се откажав од сѐ што ми беше важно во животот? Дека сите борби кои ги победив, се вратив седум чекори назад за да ги изгубам? Што да ти кажам другару? Дека она што претходно сум го пишувал и за кое сум се залагал било лага? Нема потреба... и листовите ќе се сетат на детските реченици, запишани со ужасни печатни букви големи колку што ми е сега грижата на совест голема... „Ветувам дневниче дека нема да престанам да пишувам никогаш во тебе“.