Личен дневник

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Познавам еден тип, има 3 девојки и лежалка за плажа и си ужива во животот максимално. Бидејќи беше успешен во неговата професија го прашав што го натерало на вака нестандарден пристап. Ми рече, еднаш многу одамна бил во сериозна врска и разговарале со девојка му колку пари треба да заработат за никогаш да не работат повеќе. И така работеле напорно околу 15 години, на крај се разделиле ама со убава заштеда. Парите ги ставил во банка и сега живее скромно од каматата која му стига за да помине од први до први без никакви потешкотии. Во морето од загрижени лица кои ги гледам секојдневно, тој се издвојува. Релаксиран, смирен, не брза никаде.

Ете, јас уште долго ќе треба да ринтам за мојата лежалка на плажа. Три девојки не ми требаат супер ми е таа што ја имам, а често се прашувам и со што сум ја заслужил. Таа е мојот одмор од секојдневните грижи, таа е мојот мир и со неа се е полесно.

Лежалката ми е цел, бегство од општеството и неговите правила, од сите оние работи кои ни ја трошат енергијата, од постојаната трка да се заработи за ова и за она, од постојаното планирање и од грижите. Лежалката е мојот спас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy, Redhead and Lena

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Повторно го имам она чувство, како нагло да созревам. Како сите маки да не биле залудно истрпени, чувствувам дека конечно научив некои од животните лекции, кои навистина ми беа потребни во животот. Пораснав. Без да сакам се променив. Кој знае како ке се одвиваат нештата, но секоја промена е добредојдена, барем јас така гледам на работите.
Во душава никогаш нема да ми биде исто. Некои чувства најверојатно ке останат тука засекогаш иако со сета сила ке се обидувам да ги турнам колку што е можно подлабоко. Знам дека еднаш ке испливаат на површината и ке почнат да ме раскинуваат, но тогаш ке му ја мислам, сега не можам... навистина не можам!
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Луѓево велат најдобрите и најмилите пребрзо го напуштаат овој свет затоа што и на Бога такви му требаат.. Така им било пишано да заминат млади и да остават голема болка и тага по нив.. ТАКА Е ИЛИ МОЖДА ТОА Е САМО УТЕХА? Но кога Господ знае дека такви најмн овде ни требаат и дека ќе сопре се после нив зошто ги зема? Јас навистина се извинувам за темава ама не можам никако да се помирам. Зошто баш таа насмевка, милиот... Колку само искрен, никогаш не знаеше да се расправа или да го повиши тонот.. Колку само знаеше да сака.. Немаше човек да рече негативен збор за него.. Јас не можам уште да се помирам. Не можам да сватам..
ГО НЕМАШЕ ЛЕТОВО ДА СЕДНЕ НА НЕГОВОТО МЕСТО НА БАЛКОНОТ.... АААААААА!!!!!!!
луѓе простете ама јас морав ова од мене да го извадам навистина... ова го најдов како единствено решение
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Дај ми сила да не полудам! Не можам да издржам повеќе, се чувствувам како да ќе излезам од кожава.

И пак ми се вртат истите мисли од пред година ипол, и пак ме фаќа истото лудило, истиот период, скоро истите чувства. И сега демек треба да се борам против тие мисли и чувства и демек треба да сум во предност затоа што ми е се` познато, а мене не ми е до никаква борба. Она што сакам е долг период да поминам сам во некое место каде нема многу жители и каде никој не знае ништо за мене, без телефони, интернети, телевизии... накратко никаква технологија, никој познат, ништо познато наоколу. Тамам помислив дека не може да ми биде ништо на полошо ама заборавив на Марфи и ете ме, уште полошо ми е.

Пак се вратив да читам квантна и астро-физика. Едно со друго наизглед немаат врска, макро вс. микро, а во суштина се толку поврзани. И би сакал да си ја сретнам професорката по физика од средно па да си помуабетиме на раат и да поразгледаме некој проблем. Не ми се верува што ќе пишам ама ми фали средно т.е. ми фалат нејзините часови. Носталгија ме убила.


spiderman_vs__venom_by_pycca-d55do88.jpg

stardate 93291.72​
 
Последна промена:

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Животот под кирија е неподнослив особено ако си со темпераментни, немирни, хиперактивни и љубопитни деца, особено ако за седум години се имаш селено повеќе од десет пати и ако немаш пари за да си дозволиш убав и пристоен дом и живееш во секакви дупки и особено ако и газдите живеат во ист двор.
Две недели сум тука, а веќе размислувам да си одам. И ке си одам и се ке им кажам, нема да бидам ниту љубезна , ниту фина. Ке го пуштам на слобода нај лошото од мене, кое најверојатно е и најсилниот дел од мене. До сега верував во човековата добрина, во добрината воопшто - веќе не верувам, не ни сакам да верувам. Ставам точка. ТОЧКА! Т О Ч К А !!!
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Во светот на богатите се е така едноставно,средено и без проблеми.Навидум.Го запишав малиот на фудбал,денес го имаше првиот тренинг,а таму одат само оние деца чии родители се добро ситуирани.
Сосем друга слика на луѓе него онаа мене позната.
Не е да се чувствував маловредна или слично.Воопшто не,секаде каде и да се наоѓам се чувствувам добредојдена,така да немам такви проблеми,меѓутоа има нешто....
Луѓето се поинакви него оние со кои работам и тоа ми се разјасни денеска.
Богати и сиромашни..
Адвокати и разбојници.Кој контраст на круговите во кои се движам.Се трудам да воспоставам баланс измеѓу и сепак и таму и таму да останам иста.
Вчера го запознав А.Не е нова љубов или слично туку некој кој ете така ми влезе во срцево.Седнав до него и случајно ми падна во очи книгичката која лежеше на биро.
Ја земав,пролистав и прашав:
Драма?
Не поезија.
Аха..
Ми раскажа дека црта графити и пишува поезија,слободна душа е.Дете на улицата.
Ми рече дека е бездомник,ми рече дека се бори да успее во животот.Девојка му богаташка му го земала правото да ја гледа ќерка му.10 месеци стара.
Доаѓа од Берлин и нема никој овде.Сам е.Фамилијата му е во Берлин.Седев до него и ја слушав неговата приказна.
Направив фајронт и цело попладне ковав планови како да му помогнам да си го среди животот.Не ми излезе од глава до доцна во ноќта.
Денес почнав да работам со интензивни тренинзи со него и постојано го држам на пик.
Ме праша:Толку ли сум лош да мораш да работиш постојано со мене?
Не,му одговорив.Сакам да постанеш профи агент,така ќе имаш повеќе пари,ќе можеш да си овозможиш пристоен дом и на тој начин ќе имаш право да ја гледаш малата.
Ми кажа и дека учествувал често на поетри слем вечери со негови поеми и дека не може да го прави тоа овде(во овој град) затоа што има социјална фобија.Рече му треба некој во публика кој ќе го смирува.Познато лице.
И ќе одам со него на поетри слем.Ќе бидам тоа познато лице за него.
Сакам да му помогнам да се искачи нагоре.Не знам зошто битен ми е.
Моето место не е во светот на богатите.Таму е измеѓу бездомниците.Таму измеѓу децата на улицата.
 
Последна промена:

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Velat I slonot ponekogas place...Se e dobro a ke bide I podobro,.....Te sakam ...te sakam...te sakam...za uteha znam deka me cuvstvuvas.
 
Последна промена:

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Се воспостави дека А.е некој сосем сличен на мене.Го засакав,како пријател се разбира.Разговараме на сите можни теми,сакаме слични нешта и се разбираме многу подобро него што мислев.Се чувствувам сосем слободна со него.
Срцево е лудо по некого кого не го гледам со недели.И чекам да се појави..Го чекам понеделникот за да сфатам дека го нема.Па го чекам другиот понеделник и пак го нема.
И повторно го чекам следниот понеделник.И не знам до кога така.
Се прашувам што се случува со него.Тешко болен,.
Колку би сакала да му се јавам и да го прашам како е.
Го немам бројот.Немам ни адреса.И да имам,што ќе му речам..
Еј се загрижив за тебе па да видам како си..
Од триста соработници од кои некои по месеци се болни не сум им се јавила,на него да му се јавам???
Не.
Можеби следниот понеделник,..
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Денес ми е баш погоден денот :)
Знам дека не сум совршен и дека има работи кои би сакал да ги исправам кај мене за да бидам подобар лик, ама она кога некој ќе ти даде до знаење дека те сака таков каков шо си и не сака за ништо на светот да се менуваш и е со тебе и покрај илјадиците г**на кои ти висат на грб, добиваш желба да бидеш уште подобар, уште посовршен. Е заради ваквите личности живеам :sreken
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Ќе раскажам многу клише муабет ама гајле ми е.
Во последно време секаде околу мене се прави муабет за свадби, за заеднички живот со партнерот, за создавање фамилија... И сите изгледаат толку спремни за тоа што дури и ми е чудно.
Па до вчера дремевме на клупа во парк, слушавме Jon Lajoie и се смеевме ко зелени, крадевме чаши за текила од дискотека и ги собиравме зашо ''ќе се најдат''. Девојките плачевме на романтики и филмови со кучиња, плачевме за се и сешто впрочем. Сликите што ги правевме се делеа на: слика за на фб и слики за во архивата. Видеата беа исклучиво за во архива.
Се расправавме за глупости, се препиравме за бесмислици, но убаво ни беше. Преубаво.
А сега, гледаме венчаници на нет, и невестински фризури. Муабети за моментот кога ќе клекнеш пред неа, и како да биде по оригинален. Муабети за традиционална свадба или не, и дали на свекорот и свекрвата ќе им се обраќаш со тато и мамо...
Неможам да се најдам во сето тоа. Неможам ни да мислам на сето тоа, па си ќутам. Одвреме навреме ќе сменам тема: Еј памтиш лани коа бевме... ама за кратко. Неможам да се вклопам, да се снајдам, да дадам совет, да дадам мое мислење. Се чувствувам изгубено и чувствувам дека полека ги губам личностите со кои сум имала минато, и многу ми фали тоа време.
Се повеќе сакам да шетам сама на кеј. Сама со кучето. Барем не ми збори за свадбени декорации во рестораните.
Незнам ни дали некогаш ќе бидам спремна за сето тоа. Се плашам...