Личен дневник

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Заврши и едно добро другарство. Какво такво, беше добро. Не можам да верувам дека заради девојче се направи целиот проблем .. не ми се верува дека заради девојка ми, престанаа да ме дружат сите оние кои ги сметав за блиски, оние на кои мислев дека можам да им кажам се.
Ама ако, не е ни прво ни последно. Нема да дозволам нешто такво да застане на патот.

I just guess, that this is goodbye. It was a good time, take care all of you.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Јас разбирам дека некои луѓе уживаат во сопствената несреќа, ја преценуваат својата душевна болка, но не разбирам како истите не се свесни за тоа, не се освестуваат ниту кога некој искрено ке им го каже тоа в лице. Ја разбирам потребата да се зборува за тоа, да се почувствува потреба за поголемо внимание, желбата да се сподели, сум била и јас во такви ситуации, најверојатно сите сме биле... но наместо да се трудат сето тоа побрзо да исчезне, тие уживаат во моменталната состојба и секој ден си кукаат и си кукаат. Им го нудиш решението, им кажуваш како треба... не, несакаат да слушаат, нив не им е од тоа, решението не е толку лесно, причините се мистерија...
Мојот татко почина поради таквото негово однесување. Се разболе бидејки сакаше да биде болен и секој лек што му го дадоа, тој го одби, но затоа пак долги години квалитетно ги измалтретира сите околу него жалејки се и кукајки.
Сега и мајка ми станува таква. Преживеа тешка болест и најверојатно и се допадна комфорот кој го имаше додека беше болна и сега очајно го бара истото внимание. Не прифаќа никаков совет, дури и ми повишува тон (досадна сум била). Болката во нејзините гради никако не е од цигарите и од едноличната глутенска исхрана на која што е моментално, од нешто друго е (нема да ме чуди ако и името болеста сама си го измисли) не може да е толку едноставно, мора да е нешто тешко и опасно. Ја прашувам зошто не оди на лекар ако мисли дека е сериозно, а таа почнува со изговори.
Се плашам дека и таа, исто како татко ми, ке си предизвика некоја мистериозна болест која на почетокот нема да биде реална, но подоцна ке се претвори во таква.
Не го очекував тоа од нејзе, мислев дека е борец, дека е силна и позитивна, ама најверојатно се изморила од животот.
Незнам како да допрам до нејзе. Чувствувам како да има огромна далечина помеѓу нас.
Посакав да и кажам дека е себична бидејки не се бори, не мисли на лугето на кои им е потребна, но во тој момент помислив дека многу повеке е себично од моја страна да барам да се бори заради мене.
Понекогаш навистина мислам дека нештата треба да ги оставиме да бидат такви кави што се и да не се трудиме да ги менуваме. Од друга страна боли кога гледаш дека некој забегува од патот.
Се молам да е само период и да се освести на време.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Чудна работа, се повеќе сум самата доволна на себе. Како на некоја дрога да сум, мислам што јадам , кога јадам, колку јадам, како се облекувам, дали доволно спијам, дали пијам вода доволно, дали имам болка , што правам.....Ејјј па јас како да се имав заборавено себе си, а сега некако се пронајдов. А во што се пронајдов -немам одговор. Се прашувам, што ми е, да не сум болна нешто....И мирна сум, немам ни празнина ни исполнетост. Се ми е доволно , и колку малку да е толку ми е потребно. Правам се што во моментот ми падне на ум. И баш ми е гајле за сите освен за себе. Порано тоа се викаше себичњак, а јас сега го викам секојдневие. И не очекувам од луѓето ништо, ниту се трудам да дадам премногу...Па на добро нека е.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Пеколот почнува за два дена.
Алигиери нека се замие што не му текнало да направи десетти круг каде одново и одново ги анализираш истите мрднати умови, ама по барањата на секој професор. Едниов го смета батево за брилијантен, неразберен ум, другиов се колне дека бил психо што ни сам не знаел што пишува.
И ти седи заглавен помеѓу фактите и нивната пристрасност. И кај едниов пишувај едно, кај другиов друго.
Оценката ти зависи од тоа колку ќе лижеш или плукаш газ на фаца умрена пред 8 века. :nah
Може јас мислам дека е марсовец. Зошто да не го пишам тоа? Нели ученикот треба да се поттикнува сам да размислува и донесува заклучоци?
Учи за минорни религиски конфликти во Британија од 13ти век, полагај го истото на столче од '73та, некаде од страна потпишано од сам Тито, со трошка надеж дека во 2038ма ќе ти се исплати/најде ученото. Тоа е тој тајмлајн.

Ги избегнувам луѓето околу со изговор дека многу учам. Најголемиот дел ми се заморни со своите тривијални проблеми, квази драми и лабилноста да не знаат што сакаат за/со себе. Всушност, знам дека знаат што сакаат, лесно е да го познаеш сјајот во очи кај човека кога зборува за она што му се допаѓа vs. погледот кога станува збор за она што можеби е поправилно, но не му е по ќеф. Проблемот е само што им треба туѓо одобрување, а јас не сум личност некого да тапка по рамо. Очекувам сите да се затворени ко што сум самата јас.

И така...јас, in a nutshell, деновиве.
- Абе, ај на кафе / дојди филм да гледаме / да прошетаме.
- Не бе, имам многу за учење.
- А, ок тогаш, ај наредна недела.
- Важи, ај отидов сега да дочитам. *си ја отвара "Weird shit from Yugoslavia" плејлистата и губи два часа на неа*
Може нема да знам дали Хенри Хауард сакал памучни или шифонски гаќи, ниту па дали The Green Knight означувал демон или бил само маскиран војник, ама па можам да го напишам и изанализирам текстот на Џугубугуле од А до Ш, ако сакаат.
Па, тоа е модерна, концептуална литература.
shrug.gif


Ај, отидов да дочитам.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Јас и мајка ми сме две сосем различни личности.Ја сакам па и повеќе од тоа,меѓутоа повеќе од 24 саати неможам да издржам да бидам со неа.Секогаш ескалира ситуацијата.
Секогаш,така да си држам дистанца и се ок.
Пред некој ден разговаравме на телефон и нормално како и секогаш успеавме да се скараме.Со дрзок тон ми рече:
Порасни веќе еднаш!!!
Нејзините зборови ми се вртеа со денови низ главава како ехо.
Се запрашав:
Што значи да се биде возрасен?
Дали моите 30 години се мерка,доказ дека сум возрасна?
Дали тоа што секој ден станувам во 6,одам на работа,се грижам за син ми,ги плаќам рачуните,готвам,чистам,перам,пеглам,ја носам колата на мајстор читам што се дешава во светот,
значи дека сум возрасна?
Ме интересира што ја наведе да ми го каже тоа.
Начинот на кој се трудам да го живеам животот?
Љубопитноста да испробам нови нешта?
Моите соништа кон кои целам и ги поделив со неа?
Која грешка од моја страна.
Не разбирам во која смисла да пораснам.Не разбирам како да пораснам.
Укуцав онака во гугл што значи да се биде возрасен.
Пишува ако ја следиш редовно временската прогноза си возрасен.Па и тоа го правам,морам да знам што да му спремам на син да облече за во школо.
Која глупост.
Ја превземав одговорноста за мојот живот и не зависам од никого.Баш од никого.
Ниту од мајка ми.Се разбира драго ми е кога ќе дојде и ќе го причува малиот,па имам време за себе но тоа се случува еднаш во сто години.
Да не сонувам?
Да не фантазирам?
Хмм..Во тој случај не сакам да пораснам.
Тие соништата мои и таа фантазија ме носат понатаму.Моите ментални лутања ме тераат да зацртам нови цели,ми го оцртуваат патот на движење.Што е најинтересно ми се остваруваат соништата.Затоа што работам на нивното остварување.
Ама ај докажи и де.
Како да и го објаснам тоа?
Се труди да ми ги наметне нејзините стравови и граници.
Па што ќе речат другите,ма Лена?
Другите???
Па каде се другите кога ги плаќам рачуните?
Каде се другите кога ми е болно детето?
Каде се другите кога ми е тешко?
Значи ли да пораснам,поставување на некакви граници,некој си затвор,зависење од друго мислење.Одамна не ми е битно мислењето од небитни лица.
И најверојатно затоа што размислував деновиве на таа тема сонував синојќа како сум дете.И бев среќна и весела.Ми се допадна тоа.
Конечно успеав да го проживеам тоа детето во себе,а таа ми вели порасни.
Одамна пораснав,губејќи го детето во себе.Чинам бев и премногу возрасна,а никогаш дете.
И нема да пораснам во таа смисла.Никогаш.
Разговорт се заврши со спуштање на слушалката и зборовите:
пушти го тоа детето во тебе да сонува и почни веќе еднаш да живееш.
Којзнае може ќе се потруди да ме разбере.
 

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Dnevnice dnevnice dnevnice ....I ti si nekako kako beganje od vistinata....i zatoa I vecerva ne pisuvam ama bas nisto vo tebe...
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
На Градиште денеска посетив преубаво црквиче во карпа,внатре со фрески по карпата сликано директно на неа.Преубава природа.
Парите се дотрошуваат ќе мора да се враќаме :)
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Мило дневниче ми здосади од оваа монотонија работа-дома-работа најмногу од се сакам да одам на некое мирно место да заглавам цел месец да се одморам од градот и од обврските ама тоа тешко..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ќе успеам ли некогаш да го довршам факултетот? Ќе успеам ли? Тамам ќе пркнам и нешто глупаво ме снаоѓа. Преполагање предмети кои веќе сум ги положил, караници со асистенти, учење досадни тестови кои во живот не би ми потребале, нервози еден тон... и сето тоа за едно обично книжуле кое демек утре ќе зборува за некаков успех. Одмилен ми е веќе и факултетот, што оти има по некој паметен професор кога изобилуваат искомплексирани фаци кои си умислиле дека факултетски професор на универзитет кој е на 200+ место во светот е некаква титула и животен достиг. Ај професор, ами асистент? Животен достиг: буткање студенти на испит, да се знае кој е кој, а бонус е чекање казнена сесија за да чепнеш некоја илјадарка плус.

Смачени ми се и веќе испитите затоа што немаат поента... некакви си задачи кои што можеш да ги положиш само ако си се скршил решавајќи такви задачи та веќе ги знаеш на памет. Треба да се лишам од социјален живот и она што мене ми е интересно да го правам само за да можам да положам испит кај некој кој се умислил дека е Бог та треба метании да му чиниш кога ќе го сретнеш за да не го навредиш. И џабе се обидувам да покажам колку е важна логиката и тоа колку си разбрал од некоја материја кога она што се бара е да постанеш автомат и да повраќаш што повеќе решенија на проблеми кои во реалност не постојат. И на крај ќе ти дојде некој да ти каже дека завршил и ќе ти се фали дека успеал се` да испрепише дур ти се обидуваш да ги урнеш принципите кои не даваат резултати. Истиот тој си уживал дур ти си се мачел, истиот тој потрошил помалку време и пари од тебе, истиот тој секој викенд се пијанчел дур ти си се обидувал да мислиш со своја глава и да не се покоруваш на принципите против кои се бориш.

Преку глава ми е од тоа да се нервирам дека им правам трошок на моите поради некои безгрешници и поради тоа што тие си умислиле дека диплома е „нешто“. Давам уште една шанса па ако бидне биднало, ако не којзнае. Интернетот е најголемата база на знаење ако знаеш како да го искористиш тоа што ти нуди и плус не те замара и не ти изиграва Госпо, а ти дава можеби и поквалитетно знаење.

Јас не можам ни да заспијам, цел месец ме држеше несоницава и еве во четири дена имам вкупно 10тина часа спиење. И не дека не знам од што ми е несоницата туку не гледам како да ја победам без апчиња. Имам некој план па ќе видиме дали ќе успее... нема вклучено медикаменти во планот.
И така.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ги губам целите од пред очи.
Одам понатака без некоја цел.Ми доаѓа како да лутам бесцелно.Оние зацртаните ги остварив.Сега...
Ми требаат нови,за да продолжам.
На работа..Се прашувам понекогаш како да допрам до луѓето да го извадам најдоброто што го имаат во себе а да останам имуна на стресот околу мене?
Тој..тој ми беше целта.
Работата со него ми беше цел.Тешко болен е,рекоа денес.Којзнае дали повторно ќе може да работи како тренер.Ме шокира веста.Повторно го нема.Се чувствувам загубено без него.
Ни тоа не е правилно.Станувам зависна од нечие присуство.Не е важно дали е тој или некоја друга трета личност.
Зарем не беше правилно да го следиме сопствениот правец?
Ми беше чудно вчера кога имавме состанок како беше расеан со мислите како да беше во транс..И од време на време ме гледаше и ми се насмевнуваше мило.Како да му беше симпатично или смешно што бев толку возбудена заради говорот кој требаше да го држам(говорот го слратив на една реченица:Мило ми е што ќе работам со вас заедно хехе) и како да бев единственото нешто кое свесно го доживува..
Ах..којзнае како ќе заврши оваа приказна со него.
Морам повторно да ги зацртам сопствените цели.
Морам повторно да се насочам кон она што го сакам.
Тој е единственото нешто,после син ми што го сакам.
Важна ми е егсистенцијата платени рачуни,сигурна работа,важно ми е да функционирам во општеството.Одамна го изгубив чувството дека живеам.Барем да функционирам како треба.
Fucking day.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono