Личен дневник

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Дневниче баш пред ден пишав во една тема дека посакувам да седнам до некој странец и да му ја раскажам целата своја приказна.
Епа нешто слично ми се случи вчера...само што тој седна до мене, и не ,не му ја раскажав целата приказна и тој не молчеше слушајќи ме.
Напротив, многу убав разговор произлезе, спонтан, без напнатост...ептен пријатни 40-ина минути со некој што ме насмеа и ми покажа дека не е се така црно и успеа да ми ја врати барем малку вербата во луѓето а и во самата себе.
Ниту имињата не си ги кажавме и не беше ни важно, тоа беше мојот странец на денот кој го посакав во ноќта...
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,691
3,871
1,183
Полека полека почнаа да се откриваат оние коишто секогаш биле тука за тебе. Порано ли е, покасно ли е .. не е важно. Важно е кога-тогаш да им го видеш вистинското лице.
Интересно е како добиваш многу позитивни зборови кога си со нив, како ти си ваков ти си онаков, ти го знаеш ова, ти го умееш она, е арно ама од коа ке а киднеш некое време, почнуваат да ти јадат гoмнa позади грб. Не, не чини тоа. Кажи си тоа што сакаш да го кажиш пред мене, во лице.
Аманте бе, зошто секогаш се потпирам на некои такви идиоти? Зошто на крај неочекувано ти забиваат нож во грб, и најтрагично, зошто мора да го разбереш тоа од другар? Зошто бе така? Кај отиде она другарство, што кога излевавме се смеевме ко луди, се зафркававме на сопствена сметка? Зошто изумира тоа бре луѓе? Не беше ли тоа најдобрата причина зошто да имаш другари?
Гледам дека се е сменето. Вистина, веќе не можам да верувам на никој. А верував на многу луѓе, на многу, а најмногу на оние кои ми го свртеа грбот. Го гледаш тоа и остануваш со подзината уста .. како може нешто такво да се случи .. каде е онаа блискост, оној муабет за кој само ти го знаеш. Не, за жал .. не постои тоа веќе. Моментално само на две личности можам да се потпрам. Еден е другар кој никогаш не ми зборел зад грб, и кој го знам како дише, а другиот е девојка ми. Колку се каам само што и се лутев порано за работи кои се случуваа и се случуваат до ден денес. Будала. Си беше целосно во право девојчето, ама јас тврдоглав, не, не е така како што велиш. И се лутев непотребно. Сега гледам дека е во право, и и се извинив, а таа само се насмеа .. и ми рече Те сакам, не треба да ми се извинуваш, мило ми е што виде со свои очи.

До нареден пат, let there be some better times.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Интересен ден, дневнику.
Некако се навикнав на Скопјево, многу ми се допаѓаат лудите журки и општо ноќниот живот. Па, кога ќе останиш без еб*н денар со тебе, исклучуваш телефон и се пружиш на креветот замислувајќи дека е некој удобен плав диван со лаптопот на масичката и пушташ музика на слушалки зошто од кај комшијата ече Кажиии зоштооо ме оставиии. А да, реков интересен ден. Трчајќи денес да не се помочам, налетав на бившата. Уф, ама незгодна ситуација. Како на филм, да планирал некој од нас двајца немаше толку во детали да испланира :zelen Знаеш она чувство кога нема што да кажеш, тресеш зелени и прашања од типот на Аха, а ти арна си? Шо има ново кај тебе? Сестра ти добра е? а таа кутрата само стои таму и одговара као демек многу мене ме интересира што имало ново кај неа на факултет или дали господинот Безимењакович ќе се лути ако касне на неговиот час 15 мин. Колку само непријатна ситуација, непријатноста можеше да се почувствува во воздухот! И да, секако, мора да се завши со она Па ај се глеаме, а уствари си мислиш Те молам те молам те молам никогаш повеќе да не те сретнам...
Кога си идев накај дома, ме застанаа две откачени девојчиња, наводно едната имала предизвик да бакне 10 луѓе, па ме праша дали може да ме бакне додека другарка и фотографира. Се чувствував толку одвратно шо морам да го правам тоа, ама знам како е кога ќе добиеш ептен глуп предизвик (самиот сум голееем љубител на играта) па и поверував и се сликавме шо се сликавме, и ми вика А како се викаш? А јас на тоа враќам со Сакаш мој број? А таа ни срам ни перде ми вика да. Разменивме броеви па рече кобајаги ќе се јавела, а ако била добра сликата ќе ја објавела и на нејзиниот фејсбук.
И да, додека се присеќам на денов, комшијава помина на Не могу да те не волим, не волим и да без тебе живим (worried) Кога веќе почна со овие, бар нека ми ја пушти и Муштулук, одамна го немам слушнато тоа песниче.
Мислам дека ми се јаде. Или може само ми е досадно. Ќе одам да видам што има за јадење. Ми се јаде пилешка чорба...
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Многу стресови деновиве... дневнику два дена јадев ѓубре од храна и ете ме болна, но искрено мислам дека не е толку од храната колку што е од нервози. Целата сум во хаос, балансот кој што го имав постигнато сега ми личи толку далечен... не можам ни да го замислам.
Се чувствувам како да сум половина жива. Копнеам по старото чувство...
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Драго дневниче, пак тука јас |-(
Абе, сеа нешто ме фати некоја тага, запознав едни пријатели и шо да ти кажам, овој едниот откачен до немај каде, овој другар му само си молчи на страна, овој ќе му рече ова, тој тоа, овој ќе рече вака ќе правиш, овој така прави. Како робот, човече, му јаде од рака :eek Прво бев бесен затоа што очигледно детето нема свое јас, ме нервира, ме иритира. А после сфатив дека сум само бесен на себеси, шо немам некој таков другар кој би ме подржувал во се и сешто, што би се согласувал со мене, што би ме оставил да правиме како ми е мене по ќеф. И после кобајаги се обидувам да се убедам себеси дека е океј, дека не се замарам а всушност се замарам и се нервирам и сакам да исцркат сите шо ги познавам!!! (worried) Дали има некаква смисла сето ова?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Пак јас, да позамарам.

Изминативе неколку недели сум станал тешка меланхолија. Уште не сум апатичен, ама како тргнало ништо чудно и тоа. Онака стануваш сабајле и прво нешто што ми доаѓа на памет е „Ајде, уште еден обичен досаден ден.“ И така бидува денот, ништо посебно не се случува, настани ти прелетуваат пред нос ама не заслужуваат внимание и оставаш да си тераат. Порано ајде не водев некоја евиденција кој датум е, ама сега не знам ни кој ден е од што ич ништо не ми значи и од што ми е здодевен секој ден. Кога се будам мислам дека имам болки од што секој сон ми е поубав и поинтересен од тоа што се случува во реалност. Онака, купи ден-помини. Едно од малкуте работи што ги сакам е полна месечина, е за тоа и денови бројам кога треба да бидне и кога биднува се осеќам некако посебно... ко да добивам елан за живеење ама штета што трае само два-три дена. Нека тоа, пак пробав да свирам нешто... не е лошо засега ама треба да се доработи како идеја. И не е толку меланхолично ама психо парче е, флојдиш џези, мрак. И така, да сумирам, досадно ми е, меланхоличен сум, немам ориентација за датуми и денови, не ми се оди во Скопје.

Поздрав од странските Архангел, а.к.а Црквата.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Многу ме иритира кога некој рандом познајник ќе ми рече Ај нареди ми ја таа и таа :rolleyes: Не ми е јасно што очекува од мене, да одам да и речам Еј, ај биди му женска на оној наму/ Еј, ај дај му на оној... Да ми е близок другар, ајде би се обидел да му помогнам и би кажал некој добар збор за него, дури нешто и би излажал со цел да ги спојам нели, ама сега некој шо го знаеш само месец дена да ти го каже тоа, а кога ќе прашаш што очекува од тебе да направиш те гледа бледо и ти вика А шо ти љубоморен ли си? Чекај бе брату, на шо да бидам љубоморен, на тоа шо немаш ни грам храброст во тебе за да и пријдиш сам и немаш ни ронка самодоверба па се плашиш од корпа? |-(
Иначе вечер ќе почнувало Ѕвезде Гранда, јас па се прашувам зошто му ѕвониш на сите и никој не сака да излева...
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Убаво е κога знаеш деκа имаш неκој поκρај тебе дуρи и κога си начуκан ептен. Увабо е κога знаеш деκа се туκа таа насмевκа и поглед. . Знеш деκа и поκρај тоа што си се напρајл го*но неκој те саκа. Саκа да си добаρ затоа во ваκва ситуација се неρвиρа.. а тебе ти смета.. κао κонтρола имаш тогаш велиκа...
Ете таκа ми дојде сеа.. Во последно толκу го ρазочаρувам со пиењето.. и сама меρκа не си знам.. АМА ПО ПОΡАΚИТЕ НАУТΡО СВАЌАМ ДЕΚА ЧОВЕΚ ШТО ТΡЕЗЕМ МИСЛИ ПИЈАН ΚАЖУВА.. ДЕФИНИТИВН
Гρешна κолκо тешκа ал што чеш.../
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Ми недостасува времето кога се дружевме... О., К., Т и В. Ги мислам денеска и самата си се смеам кога ке ми текне какви бевме :).
Јас бев панкерка, К. беше металка, О. и Т. беа готичарки а В. беше во некој хипи-џипси стил. Хаха, леле кога ке ми текне дека имав ,,четка'' и дека што се не ставав на глава за да стои крената нагоре. Не ја држеа само лакови за коса, па експериментиравме со шербет, сапун... Па татко ми кога ке ме видеше косата му се креваше...
Со нив ги проживеав сите први искуства. Прво искачање, прва љубов, прво бегање од часови, прво пијанство... пирсови, тетоважи...
Луди беа тие девојки, сите до една. Се прашувам што ли прават сега, какви се, се смениле ли, среќни ли се...?
Сакам за момент пак да се вратам таму во тие времиња.
Ах, девојки! Ми недостасувате!
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Дневнику, повторно не можам да спијам. Се обидов со сѐ денес. Од 10 часот лежев. Пиев чај, се напив апче, гледав филм. Ги затворив очите и слушав инструменталки. Пуштив асимилација на дожд. Се обидов да побегнам некаде далеку во минатото, да мислам на нешта кои што сум ги имал и ме правеле среќен. Почнав да летам и во иднината, кроев планови... мислејќи дека ќе заспијам. Очајнички почнав да ги испробувам и демек „техниките“ со издишување и вдишување. Не успеав.
Што ли ќе правам вака?