Дневниче баш пред ден пишав во една тема дека посакувам да седнам до некој странец и да му ја раскажам целата своја приказна.
Епа нешто слично ми се случи вчера...само што тој седна до мене, и не ,не му ја раскажав целата приказна и тој не молчеше слушајќи ме.
Напротив, многу убав разговор произлезе, спонтан, без напнатост...ептен пријатни 40-ина минути со некој што ме насмеа и ми покажа дека не е се така црно и успеа да ми ја врати барем малку вербата во луѓето а и во самата себе.
Ниту имињата не си ги кажавме и не беше ни важно, тоа беше мојот странец на денот кој го посакав во ноќта...

Знаеш она чувство кога нема што да кажеш, тресеш зелени и прашања од типот на Аха, а ти арна си? Шо има ново кај тебе? Сестра ти добра е? а таа кутрата само стои таму и одговара као демек многу мене ме интересира што имало ново кај неа на факултет или дали господинот Безимењакович ќе се лути ако касне на неговиот час 15 мин. Колку само непријатна ситуација, непријатноста можеше да се почувствува во воздухот! И да, секако, мора да се завши со она Па ај се глеаме, а уствари си мислиш Те молам те молам те молам никогаш повеќе да не те сретнам...
Кога веќе почна со овие, бар нека ми ја пушти и Муштулук, одамна го немам слушнато тоа песниче. 
Прво бев бесен затоа што очигледно детето нема свое јас, ме нервира, ме иритира. А после сфатив дека сум само бесен на себеси, шо немам некој таков другар кој би ме подржувал во се и сешто, што би се согласувал со мене, што би ме оставил да правиме како ми е мене по ќеф. И после кобајаги се обидувам да се убедам себеси дека е океј, дека не се замарам а всушност се замарам и се нервирам и сакам да исцркат сите шо ги познавам!!!
Не ми е јасно што очекува од мене, да одам да и речам Еј, ај биди му женска на оној наму/ Еј, ај дај му на оној... Да ми е близок другар, ајде би се обидел да му помогнам и би кажал некој добар збор за него, дури нешто и би излажал со цел да ги спојам нели, ама сега некој шо го знаеш само месец дена да ти го каже тоа, а кога ќе прашаш што очекува од тебе да направиш те гледа бледо и ти вика А шо ти љубоморен ли си? Чекај бе брату, на шо да бидам љубоморен, на тоа шо немаш ни грам храброст во тебе за да и пријдиш сам и немаш ни ронка самодоверба па се плашиш од корпа?
.