Некои работи се случуваат со причина колку и да не сакам да верувам во таа глупава реченица. А сега почнав многу многу да верувам во истата.
Низ глава ми минуваат сите оние моменти кога се откажав низ животот свесно или несвесно. Кога требаше да зборувам – молчев од пусти срам дека се’ е залудно. Кога трчав покрај кеј, се откажав пред целта и дозволив да ме поминат зошто гласот во мене ме удави во неговото не можеш. Не запознав нови луѓе зошто верував дека никому нема да му се допаднам.
Копав во минатото фрлајќи си ја земјата врз мојата иднина.Се распрснав врз премногу животи и проблеми, заборавајќи на оној основниот – мојот.
Казната ме стигна ова лето кога сето тоа ескалираше во состојба генерална анксиозност, панични атаки и престрашувачки мисли.
Се плашев и се' уште по малку се плашам. Страшно е.
Страшно е да лежиш без способност да се опуштиш а заспивањето да те преплашува до смрт. Истоштувачки е секој ден да се бориш со различен симптом од Дон Кихотовата ветерница. Ужасно е да бараш мисловна утеха дека се’ ќе биде во ред, а стравот да ти ги распарува најголемите надежи. Ден за ден. Момент за момент. Се сомневаш дали некогаш ќе биде добро, макар издржливо.
Се опседнуваш со тоа да бидеш добро, и самото тоа вознемирува.
Најтешко е тоа што пробуваш да го гасиш огнот со бензин.
Сфатив дека несвесно го пропуштив емотивното во мене да флуктуира и да се уништува. Овој пат, се посветувам на себе и за промена се откажувам од другите.
Ги разлабавувам стегите што ме држеа заложник во ирационалното јас.
Нема ништо поослободувачки од тоа да сакаш да бидеш слободна. Не знам како и не знам кога но силно верувам во тоа. Последниве денови повторно чувстувам среќа и уште поголема сила.
Веќе го здогледувам излезот од тунелот.
Има стихови што без причина се врежуваат во човечката приказна. Јас се давам од вистината во следните и ги врежувам на кожа.
Flame you came from me
Fire meet gasoline
I'm burning alive
I can barely breathe
When you're here loving me
Fire meet gasoline
Burn with me tonight
Ќе горам бесконечно. Ќе горам до темел во себе додека не се родам пак од пепелта.
Овој пат свесна што се’ имам да понудам на светот.
Овој пат, без срам дека треба да го искажам тоа што го носам во себе.
Овој пат, одвнатре.
Овој пат - многу посилна.
Овој пат – се сакам бесконечно.