Личен дневник

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Уморна сум.
Уморна сум од борбата која ја водам..Уморна сум да се борам со демоните на самотијата која толку ја мразам.
Не сакам да сум сама.Не знам да бидам сама.
Уморна сум од монотонијата и тишината.Уморна сум од моите мисли кои некогаш знаат да ме излудат.
Носам вечна насмевка на усниве,другите ме обожаваат и постојано го бараат моето друштво и мојата близина.Бараат топлина од мене,некои ме гледаат како идол.
Но кога вревата ќе стивне..Се губам во некој свој свет.Свет исполнет со сомнежи,нерешителност и милион прашања без одговори.
И секое прашање го носи истиот одговор.
Верувај!!
Во што да верувам?
Да верувам во подобро утре?
Да верувам дека еден ден ќе бидам мирна,задоволна со она што го имам?
И што е тоа што го имам?
Добра позиција на работа,прекрасно дете,луѓе кои ме сакаат,фамилија која стои позади мене,облека,доволно пари за да живеам пристоен живот,здрава сум,убава сум(барем другите така ми кажуваат)имам нормална фигура,глупа не сум,креативна сум..
И што сакам?
Зошто не сум задоволна?
А..во еден од нашите разговори ми рече:Го немаш она најбитното.Немаш љубов.Немаш храна за душата и срцето.
Одмавнав со главата и реков:Глупости.Имам се што ми е потребно.
Не сакав да му кажам дека има право.Дека ме боцна таму каде што боли дека секогаш го наоѓа она кое никому не го кажувам.Знае тој..
Чувствувам во себе некој повик за слобода.Да го правам она што ми се прави.Да одам ноќе и да нацртам графит на некој ѕид.Таква со Вендета маска на лицето.
Да возам мотор.Да одам конечно во Франција.Да научам да сурфам.Да се смеам до бесвест и да не мислам дека е доста.
Да.....пуштам милион балони на небото и на секој пд нив да напишам желба.Да се отворам.Да ги ставам сите карти на масата.Да не чувам ништо во себе.
Толку многу сакам.
Се прашувам што ме кочи во сето тоа??
Сакам да се разбудам покрај некој кого сакам,да ми ја тргне косата од лицето и да ми каже:Прекрасна си.Сакам.А толку се плашам да се препуштам на љубовта која нон-стоп ме повикува.Се плашам од лузни,самотија и повреди.Се плашам од грешки.
Уморна сум од размислување.И сепак нешто во мене ми вели:Верувај.Затоа што сакаш.Затоа што можеш.Затоа што си борец.Верувај!
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
И пак она чувство на вина кое никако да се откорне од мене. Се намести како мачка што се тутка под топло ќумбе во зима.
Сакаш да мислиш на едно, а мислиш на друго.
Сакаш да сонуваш едно, сонуваш сосем трето.
Сакаш да зборуваш со срцето, а тоа да ти заминало некаде далеку, па и мозокот го зело и остануваш ти сам, да зборуваш колку да зборуваш, колку да не те изеде тишината.
Ужасно, ужасно.
Мигот кога сите принципи ќе си ги згазиш, нема назад. Вината ќе те изеде. Ќе те убие.
 

NaKiroKuro

Нов член
3 ноември 2015
10
12
3
34
А можи детално опис да се напиши во овој дневнико..оти јас овој шо си го водам влегвам во детали и обично пишам за љубовните искуства и тн??Прашвам да не следат после санкции и опомени шо знам ти јас друго
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
^Ако не навредуваш некого, слободно пиши. Само за инфо, забрането е цитирање во оваа тема.
 

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
Нека оди цел свет у курац!
Бесна сум, преку таквото веќе од лицемерни гадови, луѓе од корист и остали скапаници.
Само додека имаат корист те бараат, а потоа кога ќе ја снема користа, ќе те шутнат, и ќе го избришат подот од тебе како последното крпче на свет, и ќе ти го заријат ножот.
Гниди скапани, ќе се мрднам од умот веќе, ајт сите у курац, никој не ми треба веќе, ионака нема луѓе веќе на планетава.
И муабети за мене, јас сум била ваква, таква, онаква, епа сега сите ќе видат каква сум навистина, кога ќе побудалам од неправди.

На сите правиш добро, сакаш да си добар и да успееш во животот со свој труд, и да не чекаш ништо од другите, сам да си створиш иднина.
И после некој да сере за мене, како јас сум била неспособна и се' и сум чекала се на готово, а толку многу се трудам.
Абре сите у курац идете, гнаси едни, ајт ако е така, никој не ми треба у животот.
Им ги видов вистинските лица на сите сега, сите исти г**на ти биле, никад никаква поддршка од никој, само да серат по мене знаат.
Не ми треба никој и ништо веќе, ајт, се отишло јабана.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Многу тешка и напорна недела. Истоштувачка исто така. Како десет години да поминале. Но, вчера едно нешто ми го поправи расположението- сум добил книга на еден giveaway. Сосема заборавив дека сум се пријавил на тоа. Сосема.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Si se cudam sebe si.Sekogas imav dve raspolozenija ili radost ili taga.Sega ni ednoto ni drugoto.Kako se da mi e tamam. İ nisto ne sakam da menuvam.Dovolna sum sama na sebe.Se drugo mi e bezsmisleno ili tn. vec vidgeno. Gi trgam podaleku tie koi nosat negativna energija. Nekam da se zamaram ni so tugji problemi,ednostavno ne mi trebaat. Ne mozam da trpam ni minuta nekoj da go prazni svojot bes vrz mene. Se poglednuvam vo ogledalo sekoj den.Duri i se sminkam.Na odrazot od ogledaloto mu vikam te ljubam....Ne sakam veke da trosam nitu vreme nitu pari za nikogo osven za sebe. İ ne vikam nemam kako uctiva forma od ne sakam.Pocnav da go pocituvam zborot ne kako glavna pricina od moite zelbi.Lugjeto se zbuneti.Shepkaat shto i e? Ova sum jas.Ako do sega dozvoluvav da me manipulirate vajda ne mislevte deka tolku sum glupa...Jas samo bezuslovno ve sakav nasproti sebesi. İ sega ve sakam no proporcionalno-kolku ti mene tolku ja tebe.Taka poubavo e. Cudno no za site podednakvo bez isklucoci.Ubava sostojba na telo i um, i priznavam rasteretuvacka.İ se setiv na baba mi koja ednas mi rece: kerko ne go tovari tugjiot teret na tvoi ramenici,nemas potreba,imas ti svoja tezina i spravuvaj se so nea.Nikoj ne e vreden za tvoite solzi,ni toj shto te rodil ni toj shto ti si go rodila. Sekoj neka si ja zivee svojata sudbina. Covekot e surov po priroda ,duri i na angelot ke mu gi presece kriljata.....Ti blagodaram babo shto se setiv na ova..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Pica pica

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Почина мој комшија...млад.Му се слошило...во секунда.
Мал е животот...непредвидлив
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ме болеше да го гледам таков.
Ми се кршеше се во градиве да го гледам како ја губи контролата над себе и се тепа со сите.
Сите беа собрани на купче против него,а тој сам.
Сите.
Јас стоев измеѓу него и тој другиот и сакав да ги разделам да не се тепаат.Се тресев од страв.Нозе,раце..
Бегај Лена..Бегај Лена тргни се.Викаше по мене.
Ох..тој другиот заврши со сино око.
Го избркаа од работа.
Ја изгубив битката.
Утре ќе ја напуштам работата.Не е за мене таа гето просторија.Ми се чини дека се наоѓам во филм наречен "добродојде во реалниот живот".
Ме болеше што не можам да му помогнам.Ме болеше...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Prashina