И така, врти сучи пак дојдов до истата точка кога се` ми е сеедно. Пак истата ладнокрвност, пак истиот недостаток на чувства, пак истата рамнодушност кон се` само што сега знам што ми е и не ми е толку чудно. Се` околу мене ме потсеќа на срање и колку нешто да им е убаво на другите мене ми е тапа и не се ни трудам да согледам некаква убавина во нештата. Умот ми е само во едно нешто и се` друго ме потсеќа на говна. И знам дека е до мене. И знам дека им завидувам на луѓето кои можат да си најдат убавина во едноставни нешта. Јас заборавив какво е чувството да си трогнат од нешто, да си возбуден затоа што ти се случило нешто убаво, да си задоволен од нешто.
Не знам што ми текна, инсталирав апликација некоја real piano и почнав да вежбам акорди и скали, стигнав да вежбам diminished ствари во комбинација со фригиски модуси и почна да ми навира нагон за да се отсвирам па некни земав да се снимам дур свирам за да слушнам како звучи тоа што свирам. И слушнав само мрачнини и тегоби... почна желудникот да ми се превртува, дослушав и избришав и си ветив дека нема да свирам ништо друго освен некои вежби за техника или туѓи ствари. И така, solitary shell - turned on.