Мислам дека ќе полудам.
Покрај сите нервози, проблеми и грижи кои ми испаднаа во последниов месец, сега мораше да се случе и ова!
Како е можно еден од твоите најдобри пријатели да се здруже со твојот непријател? Здраво здраво во живо, на фб лајкче коментарче... мислам што се случува?! Како јас не им зборувам на непријателите на моите пријатели? Како јас не ги поднесувам исто толку многу како нив, како да ми згрешиле лично мене нешто?
Дали паничам залудно? Дали очекувам премногу од моите пријатели? Дали е многу да се бара да застанат еднаш цврсто позади мене?
Имам чувство дека немам никој
Не можам да исфрлам од глава, постојано си вртам некој филм Ејј, го гледаш другар му на Давор се дружи со тој и тој? Да, па така е, Давор не чине. Дури и неговите пријатели забележуваат колку е добра/фина таа и таа личност.