Кој е најдобриот совет кој сте го добиле?

Dolphine

Истакнат Член
25 јуни 2012
304
302
63
Од еден постар пријател:
- Добро е што си упорна, тоа ми се допаѓа кај тебе. Но само внимавај, границата помеѓу упорноста и лудоста е многу мала, затоа внимавај, и размислувај со умот. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Па добро сега, незнам дали е совет или закана... сами одлучете.

Пред 2 години сакав да ставам пирс на веѓа, моите од дома не сакаат ни да слушнат за такво нешто. Ме убедуваја дека луѓето ќе ме сметале за ваков, таков... Мене пошо не ме интересира за тоа, настојував да си ставам, дури и закажано имав. Ама, кога му дојде преку глава, само ми рекоја ако ставам пирс на веѓа, да не се враѓам дома. :| ... и нормало не ставив.

А, една другарка стави на јазик, и и се појави некоја инфекција на јазикот, и отече, не можеше убаво да зборува.. На крај, добро заврши, без проблеми, али имало можност да и го сечат јазикот.. (:|

па, можеше и мене така да ми се случи со веѓагта, окото.. затоа повеќе сметам дека е совет, отколку закана. :)


... Ама, понатаму, мислам дека ќе ставам, сепак. (nod)
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Нешто што прочитав во една од книгите на Андреевски и си го земам како одличен совет:
НЕМОЈ НИКОГО ДА ПРЕЦЕНУВАШ НИ ПОТЦЕНУВАШ!
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Стојам можеби 2 минути така мислејќи кој совет да го издвојам од сите што ми ги дала мајка ми. И се сетив на еден што го кажувам секогаш...
Јас бев човек што многу таеше во себе. Сите болки ги чував во мене длабоко и нешто запишував во дневникот. Да не беше тој(мојот издувен вентил) до сега ќе заминев во лудница - дефинитивно.
Еднаш, после една моја голема грешка, која ја направив само од тоа што болката веќе не знаев каде да ја празнам, мајка ми, ми рече нешто налик на ова(не беа зборовите по редослед такви, и беа со кичевски дијалект ама значењето им беше тоа):
Чувствата, се како шилци. Ако ги чуваш во себе ќе ти ја избодат душата, а ако ги оставиш надвор нема да имаат што да оштетат.

таа го прочитала во некој роман, и го запомнила, па ми го пренесе мене, а јас редовно го пренесувам на сите...
 

Luisana12

Полноправен Член
4 мај 2013
64
40
18
Другар-Никогаш не се замарај за мислењето на небитниот народ!:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rosana

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Извади си синко партиска книшка, Ставре од комшии изваде и му тргна во животот, не биди будала, мора да се прилагодиш, со крстот на чело ништо не праиш...

Имам еден куп совети добиено ама не можам да се сетам на ниеден помалку дебилен од наведениот....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy