Кој е најдобриот совет кој сте го добиле?

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Постојано сите мои професори, наставници и се` што дошло во допир со мене ме тераше да учам, но јас никогаш книга не чепкав. Во основно постојано на тестови вадев добри оцени не подолу од 5-, но наставниците ми ставаа 3 и 4 за да ме натераат да учам. Татко ми се обложуваше со мене дека нема да завршам одличен и се надеваше дека ќе почнам да учам. Завршив и средно со просек 5,0 и книги неотворени, тестови на кои пишуваше „Натерајте го вашиот син да почне да учи“, пример за другите ученици како треба да се одговори за 5-ка но не и пример како да се учи. Само една професорка која за жал ја сретнав во 4та година средно не правеше како другите. Првиот час јас и таа се испокаравме до мајки-шајки и сл. Подоцна ја засакав толку многу што ми пречеше секој негативен коментар за неа, а затоа што не беше најомилена во училиштето насекаде ги слушав. Не, да не се сфатиме погрешно. Ја засакав како личност слична на мене, не се заљубив во неа. На крај, пред да завршам средно ми рече „Сакам да можев да те запознаам многу порано. Ти си најдобриот ученик кој некогаш сум го имала. Само сакам да те советувам нешто, нешто што јас згрешив, а ти си на чекор да ја направиш таа грешка. Немој никогаш да учиш за да покажеш некому дека знаеш нешто и не им придавај никакво значење на оцените затоа што тие се само релативен и нерелевантен показател на нечие знаење. Учи за да знаеш и да се надградуваш себе си и своите познавања и учи нешто само ако ти го сакаш тоа.“
Тој совет ми значеше најмногу и сеуште ми значи.
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Сакај го оној кој те сака
никој не е вреден за твоите солзи
не верувај секому
Учи од туѓите а не од своите грешки
 

Minnie

Активен Член
18 февруари 2012
126
127
43
Somewhere over the rainbow
Never give up. - мајка ми

Дечко ми ,
бев премногу изнервирана бидејќи многу работи ми се испревртија, не ми одеше баш како што треба, се осеќав како целиот свет да ми се срушил, и тогаш единствено тој ми беше најголемата подршка, ми рече : ''не губи надеж, ако ти се затворила една врата, не значи дека е крај, напротив ќе ти се отвори друга врата која ќе ти донесе преголема среќа, уште повеќе љубов и многу други работи '' . Сватив дека не е се така црно,благодарејќи на него сега сум најсреќната девојка.
 

Rosana

Староседелец
24 јуни 2012
267
499
1,063
Немој никогаш да молиш машко тој нека те моли, ако те сака ќе ти докажи :) од мајка ми
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Издржи, биди јак, не дозволуј да те газив и оди сс подигнату главу. - татко миии!!!