Уствари ќе ве гњавам зашто страшно ме нервира оваа тема
Зошто е толку тешко да се зборува искрено? Кажете си обично: јас сум веган (во превод - јадам само посно) оти ми е грев за животничињата (дополни искрена причина без држење лекции)
Месото, риби, јајца, млеко, житарици, тестенини, леб, колачи, пици.... сѐ може да се јаде, со исав. И најдобро е дома спремано. Оти тоа шо се праи по фабрики има такви и такви додатоци. Вештачки бои, ароми, адитиви и засладувачи - тие не чинат, ама шеќерот како шеќер не е убиец ако се користи правилно. Белиот шеќер шо го користиме во кујна се вади од шеќерна репка, не се праи од пластика. Ама и тој треба да се користи со исав. Исто како и семињата. Ленено, вакво такво - секое има свои добри и лоши страни. Добри се овие, лоши се оние, затоа се јаде по едно лажиче а не по едно кило. Јатки вакви и такви се корисни за тоа и тоа, ама треба да се внимава заради тоа и тоа. Итн итн итн.
Конкретно за темава, ладно цедени масла се добри за тоа и тоа, ама треба да се знае дека ладно цедени масла не чини да се загреваат заради тоа и тоа. итн итн итн
Ако веќе делите совети за здрав живот и здрава храна тогаш дајте ми целосни информации, зарем е толку тешко тоа?
Не е исто посно и веганско, можеби по дефиниција звучи така, но има разлики. До душа не знам ни јас дали тој начин на исхрана кој што јас го практикувам е ист како останатите вегани, малку е збунувачко сето тоа како поимите не кажуваат се.
Рибата е посна, се јаде за посните празници, а не е веганска храна.
Е сега има и тука многу лицемерие, не викам не, посебно кај оние луѓе кои што заради имиџ се определуваат да бидат вегани или вегетеријанци. Тоа се најчесто луге кои што не јадат месо, млеко и јајца, ама јадат нездрава храна, тестенини, газирани пијалоци, чоколади, кремови и тн.
Исто така не сакам кога веганите се обидуваат да направат реплики на животинската храна и даваат имиња како ,,млеко,, од бадеми, ,,плескавица од леќа,, или ,,шпагети,, од тиквички. Но и за едното и за другото можат да се најдат оправдувања.
И јас често се запрашувам што е веган. Дали е тоа човек кој што не јаде животинска храна а се останато јаде или нешто повеќе. Повеќето го прифаќаат првото но има разлика од веган до веган.
Јас на пример се хранам вака затоа што сакам да се хранам со природна храна, таква како што е во природата, да не биде преработена изменета... исто како што јадат животните и сметам дека тој начин е најдобар. Јадам и јас варено, цедам сокови, сецкам, зачинувам итн. но со тек на време полека ги менувам навиките. На пример лани јадев и јајца и тестенини и соја, јадев и риба... сега ништо од тоа не јадам.
Ако кажам дека јадам само посно, тогаш со тоа би кажала дека не јадам животинско, но тоа може и да подразбира дека можеби јадам риба или колачи со маргарин и чоколадо, пудинг, пица, тост со кашкавал и помфрит или шпагети со кечап, пијам кока кола, кафе, вино и тн.
Кога ке кажам дека јадам веганско можеби малку повеке ке се доближам до вистината, незнам.
Всушност има таков термин кој прави поделба помеѓу веганите - RAVE
no
Refined foods
no
Animal foods
no
Vegetable oils
no
Exceptions and exercise
Ако ти е полесно тогаш наместо веган, ке го користиме и овој термин иако ниту еден термин не би можел да ја каже точно вистината.