Кои се најдобри ладно цедени масла во Македонија?

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Па се избори, во крвната слика не постоеше никаков знак на инфекција, имаше само оток карактеристичен за заушка и лекарката потврди дека за тоа станува збор. Детето не легна болно, трчаше, си играше, се си беше нај нормално. Една вечер или две имаше температура која самата се симна и отокот си помина за околу две недели. Болеста не го разболе детето, само даде знак дека е тука.
Па да се изборило но болеста не го одминала.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
:rofl:rofl:rofl
Болеста само дала знак дека е тука ама не го разболела детето.
Ајте тогаш ти објасни со твои зборови.

1, 2, 3, 4, 6 - супер
5 - може? јас сепак не би. А зелен?
7 - зошто би ни давале нам? од нашите кајсии не чинат семките?
8 - точно, можело да се намести правилно, а можело и неправилно.
9 - зато шо го има во тоа шо го јадеш секој ден.
5- друго е зелен, ниту еден плод не се препорачува да се јаде зелен, не само компирот
7- затоа што имаат посебна примитивна техника на цедење на маслото кое што не ги уништува убавите состојки
8- И сега може така. Може да ти згрешат дијагноза, може да ти дадат погрешни лекови, може и да ти препишат лек кој не смее да се пие доколку имаш проблеми со бубрези, а не те прашаат дали имаш проблеми со бубрезите...
9. Ти правиш разлика помеѓу природни и вештачки шекери?
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Holla

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420

9. Не, објасни ми.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Ушедно прашање имам и не ве гњавам поќе :)
Зошто е „веганско“ а не е едноставно „посно“?
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Уствари ќе ве гњавам зашто страшно ме нервира оваа тема :)
Зошто е толку тешко да се зборува искрено? Кажете си обично: јас сум веган (во превод - јадам само посно) оти ми е грев за животничињата (дополни искрена причина без држење лекции)
Месото, риби, јајца, млеко, житарици, тестенини, леб, колачи, пици.... сѐ може да се јаде, со исав. И најдобро е дома спремано. Оти тоа шо се праи по фабрики има такви и такви додатоци. Вештачки бои, ароми, адитиви и засладувачи - тие не чинат, ама шеќерот како шеќер не е убиец ако се користи правилно. Белиот шеќер шо го користиме во кујна се вади од шеќерна репка, не се праи од пластика. Ама и тој треба да се користи со исав. Исто како и семињата. Ленено, вакво такво - секое има свои добри и лоши страни. Добри се овие, лоши се оние, затоа се јаде по едно лажиче а не по едно кило. Јатки вакви и такви се корисни за тоа и тоа, ама треба да се внимава заради тоа и тоа. Итн итн итн.
Конкретно за темава, ладно цедени масла се добри за тоа и тоа, ама треба да се знае дека ладно цедени масла не чини да се загреваат заради тоа и тоа. итн итн итн
Ако веќе делите совети за здрав живот и здрава храна тогаш дајте ми целосни информации, зарем е толку тешко тоа?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and existence

Не е исто посно и веганско, можеби по дефиниција звучи така, но има разлики. До душа не знам ни јас дали тој начин на исхрана кој што јас го практикувам е ист како останатите вегани, малку е збунувачко сето тоа како поимите не кажуваат се.
Рибата е посна, се јаде за посните празници, а не е веганска храна.
Е сега има и тука многу лицемерие, не викам не, посебно кај оние луѓе кои што заради имиџ се определуваат да бидат вегани или вегетеријанци. Тоа се најчесто луге кои што не јадат месо, млеко и јајца, ама јадат нездрава храна, тестенини, газирани пијалоци, чоколади, кремови и тн.
Исто така не сакам кога веганите се обидуваат да направат реплики на животинската храна и даваат имиња како ,,млеко,, од бадеми, ,,плескавица од леќа,, или ,,шпагети,, од тиквички. Но и за едното и за другото можат да се најдат оправдувања.
И јас често се запрашувам што е веган. Дали е тоа човек кој што не јаде животинска храна а се останато јаде или нешто повеќе. Повеќето го прифаќаат првото но има разлика од веган до веган.
Јас на пример се хранам вака затоа што сакам да се хранам со природна храна, таква како што е во природата, да не биде преработена изменета... исто како што јадат животните и сметам дека тој начин е најдобар. Јадам и јас варено, цедам сокови, сецкам, зачинувам итн. но со тек на време полека ги менувам навиките. На пример лани јадев и јајца и тестенини и соја, јадев и риба... сега ништо од тоа не јадам.
Ако кажам дека јадам само посно, тогаш со тоа би кажала дека не јадам животинско, но тоа може и да подразбира дека можеби јадам риба или колачи со маргарин и чоколадо, пудинг, пица, тост со кашкавал и помфрит или шпагети со кечап, пијам кока кола, кафе, вино и тн.
Кога ке кажам дека јадам веганско можеби малку повеке ке се доближам до вистината, незнам.
Всушност има таков термин кој прави поделба помеѓу веганите - RAVE
no Refined foods
no Animal foods
no Vegetable oils
no Exceptions and exercise
Ако ти е полесно тогаш наместо веган, ке го користиме и овој термин иако ниту еден термин не би можел да ја каже точно вистината.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Holla

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
@malo значи поентата ми е дека никаква исхрана ни веганска или не знам каква не може да третира болести,инфекции,бактерии и истите да ги излечи успешно.
Може да биде помошно средство,но клучно не.Ако зависеше се од храна и билки никој немаше по лекари да оди туку по ливади и ниви ќе беа луѓево,среќни и здрави.Кога веќе одиме со примери и мојата прабаба имала 6 деца,едно починало од нфекција од рана поради газење на мина останата од војната,што да било третирано соодветно немало да дојде до тоа,друго од сипаници што денес мислам таков случај не постои.
Aмори Љупко дали кравата се разболела некогаш? Зарем она не јаде само трева? Како е толку здрава ако јаде само трева, дали некогаш оди на лекар??
Како слонот пораснал толку голем без да вкуси дел од вашите омилени јадења (пржени компирки, кремче, чоколадце, месце, саламче, паштетка, рибче) а јаде само трева ?
Сигурна си дека човекот во минатото јадел месо? Како тој успевал да го улови (кога скоро секое животно со ислучок на желката е побрзо од него), како успевал со овие никакви заби да го прегриза ,,зајачето,, ? (Зошто месојадните Ж. имаат еден вид заби, зошто семко-плодо јадите имаат друг вид заби, зошто преживарите, тревопасите имаат трет вид заби ?)
Зошто нашите заби најмногу се поклапаат со тревопасите и фруктаријанците ?
Човекот само го правел она најлесното што можел - јадел трева, билки, плодови и бил здрав.
Но со тек на времето се појавила некоја ,,глуперда,, како ,,Постоечкиот,, или Плавушата ,,глупа,, и вовел нов режим.
Од тогаш се измислиле институциите како полиција, болница, политика ... почнале лагите и манипулацијата.
Зошто мислиш дека си во право само ако сте мнозинство кога секогаш и секаде мнозинството губи во секоја можна форма. Знаеш зошто?
Затоа што повекто не ни размислуваат туку сакаат да бидат фенси и ,,ИН,, и ги следат другите .. оние со понови мислења и ставови (без поткрепа со факти)
Си гледала документарка со мравки? И тие сите одат во еден правец по една цел со еден памет бидејки имаат колективна свест. Но тие го прават исправното, бараат и собираат храна и си ја носат во домот. Дали и вие го правите исправното? треба да се прашате.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy

Друже немој... не се бламирај ни за трол не проаѓаш...
 
Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Гледам не си го изгледал моето видео а пак се јавуваш ... Кој те пак тебе повика сега ???