Кои се најдобри ладно цедени масла во Македонија?

marija1975

Нов член
7 август 2015
1
0
1
48
сакам да почнам здрав режим на исхрана, па дајте некој предлог
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
сакам да почнам здрав режим на исхрана, па дајте некој предлог
Италијанските и тоа овие Слвадоре се релативно солидни, бидејќи се правени од стара сорта маслинки, за разлика од грчките кои се од хибриди. Не дека нешто многу мења, се` е до вкусот.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Мене овие ладно-цедениве масла ми се троа соленки, а не верувам во нивната исцелителна моќ. Ретко јадам салати и најмногу масло користам за готвење, а за готвење исто му доаѓа дали е рафинирано или ладно-цедено зашто и онака го загревам.

Еднаш пробав салата со ладно-цедено сончогледово и полоша салата во живот немам јадено, додека ладно-цедено маслиново може колку-толку да пројде. За бренд поим неам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
сакам да почнам здрав режим на исхрана, па дајте некој предлог
доручек
Јајца, Јогурт, Шејк, Салата, Житарки,
Ручек
пилешко друго ништо, може и морска храна, манџи и сл.
Вечера
Oмлет, Тестенини
Исто така многу овошје и зеленчук(банана,јаболка,портокали,праски,блитва,цвекло..)
Исто така потребно е многу течности најмногу вода и никако газирани сокови.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
доручек
Јајца, Јогурт, Шејк, Салата, Житарки,
Ручек
пилешко друго ништо, може и морска храна, манџи и сл.
Вечера
Oмлет, Тестенини
Исто така многу овошје и зеленчук(банана,јаболка,портокали,праски,блитва,цвекло..)
Исто така потребно е многу течности најмногу вода и никако газирани сокови.
Манџите ептен се здрави, имаш право.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
доручек
Јајца, Јогурт, Шејк, Салата, Житарки,
Ручек
пилешко друго ништо, може и морска храна, манџи и сл.
Вечера
Oмлет, Тестенини
Исто така многу овошје и зеленчук(банана,јаболка,портокали,праски,блитва,цвекло..)
Исто така потребно е многу течности најмногу вода и никако газирани сокови.
Ова не е здрав начин на исхрана. Ова е храна полна со глутен, хормони, штетни маснотии и разни токсини.
Немам некој посебен бренд да препорачам, бидејки најчесто купувам ем да е убаво, ем да е ефтино. Ако прашуваш од што да биде меслото, освен маслиново мислам дека најкорисни се маслото од семки од кајсија кое е полно со б 17 и маслото од семки од тиква.
Инаку, иако ладно цедените масла се најздравите масла, сепак не се препорачуваат во големи количини бидејки и неколку капки од најздравото ладно цедено масло можат да направат замастување на крвта и да го отежнат протокот на крвта низ крвните садови (замислете што прават маснотиите од животинската храна).
Овошјето, зеленчукот, семките и јаткастите плодови во природна состојба содржат доволно маснотии за да се задоволат основните потреби на човекот. Ако сакаш здраво да се храниш избегавај да користиш
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

Ај ќе гладваме :D ахахаххаах, чоек неможиш ти во текот на денот да се храниш само со здрава храна исклучиво мора нешто да касниш и шо е мрсно оти сепак има луѓе шо јадат повеќе и не се сити ако јадат само здрава храна.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Ај ќе гладваме :D ахахаххаах, чоек неможиш ти во текот на денот да се храниш само со здрава храна исклучиво мора нешто да касниш и шо е мрсно оти сепак има луѓе шо јадат повеќе и не се сити ако јадат само здрава храна.
Ние сите дома (две деца и двајца возрасни) се храниме исклучително со здрава храна и никогаш не сме гладни.
Чувството на глад не е мерило за тоа колку храна треба да внесеме. Природната големина на желудникот изнесува исто колку и нашата дланка, но со внесување на поголемо количество на храна го шириме. Ке чувствуваме глад се додека не го наполниме желудникот, а тоа нема никаква врска со нашите потреби за хранливи материи. Еве во твоето мени има тестенини кои ке ти го наполнат желудникот, ано немаат никаква нутритивна вредност. Желудникот полн - организмот гладен. Кога би јадел земја на пример, би внел многу повеќе хранливи материи одколку кога јадеш тестенини.
Но сепак, чувството на глад е непријатно. Колку и да мислиме на здравјето, неможеме да бидеме гладни нели, но голема заблуда е дека ако јадеш здрава храна ке бидеш гладен. Наутро за доручек ако не те заситува една банана, можеш да изедеш 3 или 4, можеш и десет, нема ограничувања.

Наместо да постираш секакви линкови, пробај храни се вака, па самата најдобро ке процениш. Сешто може да пишува на интернет и можеме бесконечно да си ставаме линкови, ги има безброј и такви кои ја подржуваат твојата теза, но и такви што ја подржуваат мојата. Разликата во мене и тебе е таа што јас сум ги пробала и двата начина на исхрана и можам да зборувам од искуство, ти ја немаш таа привилегија.
Инаку, секој отров е и лек, секој лек е и отров. Отровот во мали количини ги убива малите организми, отровот во големи количини ги убива големите...
Примерите за смртните случаи од твоите линкови се примери за не правилна исхрана и не ги сметам за аргумент. Сите знаеме дека лимонот е здрав, но ако се запнеш да јадеш по два килограми лимони секој ден, подолг временски период, сигурно дека ке ти се случи нешто.
 
Последна промена од модератор: