Кои професии не се за вас?

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ако јас бидам некогаш професор, ги жалам моите ученици. Ќе ме пцујат во секој можен момент од нивниот живот.
Правник, нееее. Немам нерви за таква работа а и го презирам правосудството и правниот систем.
Политичар, ма неее. Ќе има клање ако јас станам политичар.
Јас во некое атеље може да се забодам, или во некое музичко студио.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
секоја работа која ме обврзува со време ... никогаш не би можел да ја работам :ninja
( не сум робот, не сакам да бидам програмиран)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Што ви е на сите , што сте толку против професијата наставник/професор (happy)
Јас па обожавам деца, од било која возраст, еве сега идам на пракса во 5то одделение, не можам да пропуштам Четврток-ден за пракса,па тоа какво почитување имаат децава тоа чудо нешто :wub

Иначе не би можела да работам ништо поврзано со медицина,хемија,физика,право и угостителство.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: UnFleur

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Што ви е на сите , што сте толку против професијата наставник/професор (happy)
Јас па обожавам деца, од било која возраст, еве сега идам на пракса во 5то одделение, не можам да пропуштам Четврток-ден за пракса,па тоа какво почитување имаат децава тоа чудо нешто :wub

Иначе не би можела да работам ништо поврзано со медицина,хемија,физика,право и угостителство.

Па Мила, секој со своето :)
Јас деца органски не поднесувам кога се во група, онака, џавкаат од сите страни :) А од друга страна, пак, кога ќе видам бебенце некое, се топам цела :) Сакам деца, ама едно по едно, не 20 наеднаш. Башка, некако не ми е амбициозна таа професија, цело време верглаш едно исто, јас повеќе сакам истражувачка работа, предизвик, секој ден нешто ново ;)
Затоа најголема желба ми е да бидам форензички психолог, страшно тешка психичка работа, стресна, но ако нема авантура, ако нема стрес и неизвесност, ќе ми биде досадно, и нема да бидам добра во тоа што го работам ;)

Затоа, од друга страна, има луѓе како тебе, на кои со мерак ќе ги оставам децата да ми ги воспитуваат :) И да знаеш, едно нешто што ми е приоритетно - каква учителка ќе има моето дете. Не му посакувам како мојата што беше, манијаклна баба, што плескаше со стапче и во ќош не бркаше, сакам некоја посветена, внимателна и расположена, едноставно да го сака тоа што го работи, да сфаќа дека секое дете е посебна личност, има потреба од различен пристап, а не да го третира како статистички број.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
шивачка, фризерка, козметичарка, докторка, политичарка(не ме бива за лажење, одма ме фаќат)