Што ви е на сите , што сте толку против професијата наставник/професор

Јас па обожавам деца, од било која возраст, еве сега идам на пракса во 5то одделение, не можам да пропуштам Четврток-ден за пракса,па тоа какво почитување имаат децава тоа чудо нешто
Иначе не би можела да работам ништо поврзано со медицина,хемија,физика,право и угостителство.
Па Мила, секој со своето

Јас деца органски не поднесувам кога се во група, онака, џавкаат од сите страни

А од друга страна, пак, кога ќе видам бебенце некое, се топам цела

Сакам деца, ама едно по едно, не 20 наеднаш. Башка, некако не ми е амбициозна таа професија, цело време верглаш едно исто, јас повеќе сакам истражувачка работа, предизвик, секој ден нешто ново

Затоа најголема желба ми е да бидам форензички психолог, страшно тешка психичка работа, стресна, но ако нема авантура, ако нема стрес и неизвесност, ќе ми биде досадно, и нема да бидам добра во тоа што го работам
Затоа, од друга страна, има луѓе како тебе, на кои со мерак ќе ги оставам децата да ми ги воспитуваат

И да знаеш, едно нешто што ми е приоритетно - каква учителка ќе има моето дете. Не му посакувам како мојата што беше, манијаклна баба, што плескаше со стапче и во ќош не бркаше, сакам некоја посветена, внимателна и расположена, едноставно да го сака тоа што го работи, да сфаќа дека секое дете е посебна личност, има потреба од различен пристап, а не да го третира како статистички број.