Кои професии не се за вас?

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Политичар - ако нешто сакам да излажам, после второто повторување на работата веќе згрешавам еден детаљ - нема да ми верува народов :)
Економист - има една песничка „Математико, туго моја, овде икс овде корен, ја за тебе нисам створен“ :)
Доктор - првиот пациент што ќе дојде кај мене ќе излезе ваков од ординација :frantic. Секогаш мислам на најлошото, ако ми речат главата ме боли директ ТУМОР ИМАШ :)
 

Emma.T

Истакнат Член
23 декември 2012
241
352
163
Никогаш не би можела да работам досадна канцелариска, некреативна работа, да бидам политичарка, козметичарка или пак келнерка. Со се останато можам да се справам.
 

Largo

Полноправен Член
15 јануари 2013
90
97
18
Се што има врска со медицина и дел од професиите каде се бара темелни знаења за економија
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Никогаш не би можела да се замислам во медицината, во било која нејзина подгранка.Не би сакала досадна работа во која има премногу седење или работа во која што ќе треба да се расправам со буквално секакви луѓе, немам живци.
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
35
Неготино
работа со бројки,математичар,информатичар:nah
за разлика од сите само јас ја обожавам медицината,и пак да се родам пак би бирала медицина-ништо друго освен неа не би можела да работам(inlove)
а од медицината освен работа со пациенти би можела и професорка да бидам,и министер за здравство,и педијатар бидејќи најмногу ги сакам децата(hug)

од медицината никогаш не би можела да бидам абдоминален хирург-цели раце во некој стомак-аааа не тоа не би можела колку и да не се гадам од медицината(puke)
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
За мене дефинитивно не е економија или право, премногу бројки во првото и премногу досадно второто...за мене нема предизвик во тие две професии..